Папата до народот на Ерменија упати видео порака
Два дена пред својата апостолска посета на Ерменија – првата христијанска земја папата Фрањо до ерменскиот нарот упати пригодна видео порака.
Драги браќа и сестри добар ден!
За неколку дена ќе ја имам таа радост да бидам со вас во Ерменија. Уште сега ве повикувам да се молитe за таа апостолска посета. Со Божја помош доаѓам меѓу вас за да го исполнам она што го вели и самото мото на оваа патување: „Ќе ја посетам првата христијанска земја“. Доаѓам како ходочасник во оваа Јубилејна година за да црпам од дневната мудрост на вашиот народ и да се напојам од изворите на вашата вера, силни како капри и како крстовите врежани во камен.
Доаѓам во мистичните предели на Ерменија како ваш брат поттикнат од желбата да ги видам вашите лица; со вас заедно да молам и заедно со вас да уживам во дарот на пријателството. Вашата историја и настаните на вашиот народ во мене будат восхит и болка. Восхит затоа што во Исусовиот крст и учење сте пронашле сила секогаш одново да се подигнете, па и од најужасните страдања на кои човештвото се сеќава. Болка заради трагедијата која вашите татковци ја доживеале на своето тело. Да не дозволиме болните сеќавања да ни го заробат срцето; па и на повеќекраткото удирање да не се предадемена злото. Да направиме како Ное кој по потопот неуморно гледал кон небото и повеќе пати пуштал гулаб додека еден ден не се вратил со гранче маслинка: тоа било знак дека животот може повторно да започне и надежта да воскресне.
Како слуга на Евангелието и Гласник на мирот сакам да дојдам меѓу вас за да го поддржам секое настојување на патот на мирот; со вас да ги поделам чекорите и чувствата на помирување кои раѓаат надеж. Големите светци на вашиот народ, а посебно научителите на Црквата свети Гргур од Нарек нека ја благословат нашата средба, која со ревност ја очекувам. Посебно сакам одново да го прегрнам својот брат Карекин и заедно со него да се даде обновен полет на нашето одење кон полното единство.
Минатата година од повеќе различни земји дојдовте во Рим – на гробот на свети Петар – сите заедно молевме. Сега јас доаѓам во вашата благословена земја за да го зацврстиме нашето заедништво и напредокот на патот на помирувањето и да дадеме да нè придвижи надежта. Ви благодарам и се гледаме наскоро.
РВ/к.мк