Папата до младите: Љубовта и меѓусебното служење е патот до среќата

Папата до младите: Љубовта и меѓусебното служење е патот до среќата

 

Животот е патување. Секогаш одете напред, барајќи среќа за себе и за другите – порача папата Фрањо во телефонскиот разговор со младите кои учествуваат на традиционалното ноќно ходочастие од Мацерата до Лорето. Станува збор за настан кој прв пат се одржа 1978 година, а оваа година десетина илјади млади ходочасниците пешачеа пат долг околу 28 километри.

Не стој во место

Светиот Отец рече дека храбри млади луѓе се оние кои одат на пат, додавајќи дека тоа е добар знак, бидејќи во животот не можеме да стоиме во место. Младата личност која стои во место е како пензионер на 20 години, а тоа не е добро – рече папата Фрањо, напоменувајќи дека младоста треба да се живее добро како би оделе напред за да се донесе плод.

Љубовта и меѓусебното служење е патот до среќата

Светиот Отец предупреди дека среќата не можеме да ја купиме во супермаркет, туку таа произлегува од љубовта односно повикани сме да љубиме и да дозволиме да бидеме љубени. Војните не донесуваат среќа; непријателството не те прави среќен; оговарањето не те прави среќен – рече Светиот Отец и заврши: Љубовта и меѓусебното служење е патот до среќата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот