Папата до затворениците: Никогаш немојте да го потиснете светлото на надежта во себе

Папата до затворениците: Никогаш немојте да го потиснете светлото на надежта во себе

Потребна е култура на преобразба и затворениците никогаш не престануваат да бидат пред сѐ луѓе со свое достоинство – така што нивната казна не го означува крајот на нивниот живот – стои во писмото на папата Фрањо упатено до затворениците во затворот Дуе Палаци во Падова.

Потребна е култура на преобразба и затворениците никогаш не престануваат да бидат пред сѐ луѓе со свое достоинство – така што нивната казна не го означува крајот на нивниот живот; така што секој од нив може да се стреми кон подобра иднина – стои во писмото на папата Фрањо упатено до затворениците во затворот Дуе Палаци во Падова. Писмото го упати до затворскиот капелан дон Марко Поци по повод конференцијата за прашањето на санкциите – посебно доживотниот затвор – во организација на соработниците на весникот „Ristretti orizzonti“, кои го уредуваат затворениците од Падова.

Негувајте го светлото на надежта – повика Папата обраќајќи се на затворениците. Светиот Отец пишува како замислува дека секој од нив го гледа во очи, во нивниот поглед да го забележи уморот, товарот и разочарувањето, но исто така и трошката надеж, која никогаш не смее да се потисне. Тој им порачува дека се моли за секој од нив и од одговорните побара да им помогнат на затворениците да го одржат тоа светло на надежта, така што фактот дека се човечки личности да надвладее над тоа што се затвореници. Вие сте притворени лица – додаде – и вашето човечко достоинство секогаш мора да има предност пред затворските мерки.

Папата исто така поттикнува на размислување со кое би се назначиле можни патишта за да се помине низ „блиндираната врата,“ така што срцата никогаш повеќе да не бидат затворени за надежта во подобра иднина за сите. Потребна е итна културна преобразба – продолжи – за да се отфрли слепиот пат на казнената правда и кој нема да ја задоволи само ретрибутивната правда. Потребна е културна преобразба која го отвора патот до помирителната правда и перспектива за конкретна реинтеграција, преобразба која ќе ни овозможи да сфатиме дека животот во затворот не е решение на проблемот, туку проблем кој треба да се реши – пишува папата Фрањо и продолжува:

Ако достоинството конечно се затвори, тогаш во општеството нема повеќе простор за нов почеток, ниту за вера во обновувачката моќ на простувањето. Но во Бог секогаш има простор за нов почеток, за утеха како и за рехабилитација преку милосрдието кое простува – стои на крајот од пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот