Казна без хоризонт и надеж не е плодоносна – истакна папата Фрањо во видео порака која ја упати на 24 август 2017 година до затворениците во аргентинскиот град Езеиза, каде постои затвор за посебни затвореници. Папата неодамна се обрати до посетителите на универзитетскиот курс по музика кој се одржува во тој затвор.
Светиот Отец секој месец телефонски разговара токму со затвореници. Уште како надбискуп на Буенос Аирес одржуваше контакти со затворениците, а неговата пракса не ја промени и откако стана Папа. Овојпат се одлучи да им се обрати со видео порака во која истакнува дека се радува што постои тој центар за музика, место за работа, култура, напредок. Тоа е знак на човечност – истакна папата Фрањо.
Папата ги пофали сите оние кои се залагаа за формирање на тој универзитетски центар. Тој курс по музика е дел од пошироката образовна програма, кој се остварува во соработка со универзитетот во Буенос Аирес. Се заблагодари на сите оние кои работеа на остварување на тој проект и кои го поддржуваа, а при благодарноста многумина именува, па така и посетителите на курсот: Марчелино, Џулио и Едо, со кој разговараше и телефонски Ви благодарам за сѐ што направивте. – рече папата Фрањо.
Станува збор за здив на живот, кој струи меѓу вас во затворот – продолжи папата Фрањо. Како што знаете, животот е дар, но дар кој секој ден треба одново да се добие, на секој чекор од животот Тоа е дар кој не е лесно да се задржи и потребна е секојдневна храброст. Сите ние сме соочени со тешкотии, но ние се грижиме за дарот на животот и му овозможуваме да расте и да цвета – рече Папата.
Светиот Отец потсети дека затворениците отслужуваат казна за направени грешки и злостор, но при тоа предупреди дека не смееме да заборавиме она што е потребно за да биде казната плодоносна: ако казната нема хоризонт на надеж, останува затворена во себе и станува орудие за мачење, накратко неплодна. Но казната со надеж може да биде плодоносна
При тоа Папата најпрво на ум ја има надежта за социјална интеграција, а за тоа е потребна општествена формација со поглед упатен кон иднината. Светиот Отец нагласи дека со спомнатиот курс по музика, тоа и го прават; го упатуваат својот поглед кон социјална интеграција, а тоа го остваруваат преку учењето. Токму тоа е казна со надеж и хоризонт – напомена папата Фрањо и на крајот истакна дека постојат проблеми, а ќе ги има и понатаму, но хоризонтот е поголем од проблемот, додека надежта ги надминува сите проблеми.
РВ/к.мк