Папата Фрањо ги прими во аудиенција децата и персоналот на Заедницата Папа Иван XXIII и ги охрабри да се грижат еден за друг со истата љубов што Бог ја има за нив
Благодарам дон Орест! – беа зборовите на папата Фрањо кога ги пречека младите од Заедницата Папа Иван XXIII, во сабота на 14 јануари во салата Павле VI. во Ватикан.
Светиот Отец ја пофали интуицијата на дон Оресте Бензио, свештеник со италијанско потекло, кој во 1968 година ја основал заедницата за да им помогне на луѓето кои се на маргините на општеството.
Членовите на Заедницата – меѓународно здружение на верници со Папското право – се трудат да ги споделат своите животи со сиромашните и угнетените, живеејќи со нив 24 часа на ден.
Божји поглед полн со љубов
Папата истакна дека секое од присутните деца на аудиенцијиата има свое име, велејќи дека секој човек е единствен чие име Бог го знае.
Бог го познава секој од нас по име и лице, рече тој. Секој човек е уникатен син или ќерка Божји, и брат или сестра на Исус.
Папата Фрањо додаде дека дури и членовите кои им помагаат на децата се повикани да гледаат на секое дете со Божјите очи.
Како Бог нè гледа нас? Со поглед на љубов. Бог ги гледа нашите ограничувања и ни помага да ги носиме. Но, пред сè, Бог го гледа нашето срце и го гледа секој човек во неговата полнота.
Знаеме, рече Папата, дека само во небесната полнота можеме да го постигнеме совршенството на Христовиот љубовен поглед, но сепак во овој живот сме повикани да се обидеме да ја прифатиме Божјата љубов најдобро што можеме.
Насмевка како цвет на љубовта
Папата Фрањо продолжи да размислува за тоа како реагира детето кога ќе биде пречекано во заедницата со раширени раце полни со љубов.
Насмевката доаѓа сама по себе кога ќе бидат пречекани со љубов, истакна тој . Иако детето може да има проблеми во развојот, сепак е насмеано, рече Папата. Зошто? Затоа што се чувствуваат сакани и добредојдени токму такви какви што се.
Семејства создадени врз христијанска љубов
Кога се соочуваше со деца кои се однесувале несоодветно, о. Бензио се обидуваше да го пополни недостатокот на родителско внимание преку љубов и заедништво во домот на сиромашните.
Ова искуство се прошири во Италија и во други земји, рече Папата, а се карактеризира со гостољубивост во дом, каде луѓето вистински ги прифаќаат како деца препородени во христијанска љубов.
Во таков гостољубив дом, рече папата Фрањо, има место за сите, вклучувајќи ги и лицата со инвалидитет, старите, странците и секој што бара стабилно место од каде што ќе може да започне одново.
Да споделуваме љубов и постојано да молиме
На крајот, папата Фрањо ги поттикна децата на примената љубов да одговорат со молитва и желба да ја споделат истата љубов со другите.
Бог ги слуша вашите молитви за мир, дури и ако тоа не изгледа така. Ние веруваме дека Бог дава мир веднаш, дури и денес. Тој ни го дава, но наше е да го прифатиме во нашите срца и животи.
Ватикан њуз/к.мк