Папата до Богопосветените лица: Помагајте на сиромасите

„Ви благодарам што го следите Исус; ви благодарам за секој пат кога ќе се почувствувате како грешници; ви благодарам за секое милување, кое го дарувате на оние кои имаат потреба; ви благодарам за секој пат кога сте помогнале на многу луѓе да умрат во мир; Ви благодарам што го живеете вашиот живот во надеж.

Со овие зборови папата Фрањо го заврши целосно импровизираниот свој говор пред свештениците, семинаристите и богопосветените лица со кои се сретна во училиштето „Сент Мери“, сопственост на архиепископијата Најроби.

Во своето обраќање Фрањо им појасни на присутните дека во свештенството и во богопосветениот живот се влегува преку вратата која е Христос. Тој повикува, Тој е почеток, тој прави сè“. „Тоа ни помага да сфатиме дека сме избрани: јас бев погледнат и избран. Има такви кои незнаат зошто Бог ги повикува, но чувствуваат дека Бог ги повикува. Бидете спокојни, ќе дознаете зошто и за што ве повикува“.

Папата се задржа и на оние „кои сакаат да го следат Бог од интерес, од амбицијата за власт и пари”. „Во животот на оној што го следи Исус нема место за тоа, затоа што Исус се следи до последен момент од неговиот земен живот до крстот“. Светиот Отец ги потсети сите дека „Црквата не е невладина организација, туку е служење. Таа е погледот на Исус на секој од нас, кој ни вели: дојди, следи ме! Исус е оној кој повикува!“

Папата Фрањо истакна дека кога Исус нѐ избира не нѐ канонизира, затоа продолжуваме да сме грешници. Сите сме грешници, јас прво, а потоа вие. Но и покрај тоа, Исус нè води напред со нежност и љубов“.

Во Евангелието – потсети Папата – „не се зборува за плачот на апостолите, туку само за плачот на Петар“. „Евангелието ни кажува дека Петар плаче, бидејќи сфатил дека е грешник“. Оттука и повикот на Папата до Богопосветените лица: „Никогаш не престанувајте да плачете: за своето неверство, за болката во светот, за отфрлените, за напуштените стари лица, за убиените деца, за работите кои не ги разбираме и кога нѐ прашуваат „зошто“.

„Никој од нас не ги поседува одговорите на сите ’зошто’?. Секогаш кога ги поздравувам болните деца прашувам: зошто? Немам одговор, Го гледам само Исус. Има ситуации во животот кои не тераат да плачеме и да Го гледаме Исус на крстот. Тој е единствениот одговор за бројните болни ситуации. Свети Павле вели: Се сеќавам на распнатиот Исус Христос. Кога еден богопосветен маж или богопосветена жена забораваат на распнатиот Христос, запаѓаат во тежок грев кој го повредува Бог: гревот на рамнодушноста. Драги свештеници и браќа, пазете се да не западнете во гревот на рамнодушноста“, предупреди Светиот Отец.

На крајот папата Фрањо појасни дека сите оние кои се повикани се избрани за да служат: на Божјиот народ, на најсиромашните и отфрлените, на децата и возрасните, но исто така и на оние кои не сфаќаат дека живеат во грев. Дозволете на Исус да ве избере и да ви служи, за да служите за возврат, а не да ви служат“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот