Папата до ROACO: Бидете мост меѓу Исток и Запад

Папата до ROACO: Бидете мост меѓу Исток и Запад

Благодарност и охрабрување. Тоа беа двете главни точки во говорот на папата Фрањо кон учесниците во 90. пленарно собрание на ROACO, Сојуз на хуманитарни организации за Источните цркви, кои ги прими на аудиенција во четврток 22 јуни 2017 година. „Нека вашата активност – посака Папата – биде мост меѓу Истокот и Западот во ова време на безумно насилство”.

Папата Фрањо потсети дека ROACO е создаден во 1968, за да биде помош и поддршка со милосрдни дела и солидарност на Конгрегацијата за Источните цркви за „пасторални, образовни и социјални активности на соодветните територии, одговарајќи исто и на нивните итни потреби”.

„Источните цркви – посочи Папата – често биле погодени од ужасни бранови на прогони и страдања, како во Источна Европа, така и на Блискиот Исток. Големата миграција, го намалија нивното присуство на териториите во кои опстојувале долги векови”.

„Сега, благодарение на Бог, некои од нив повторно се радуваат на слободата, по исцрпувачки период на тоталитарни режими, но други, особено во Сирија, Ирак и Египет, се сведоци на страдањето на своите чеда, предизвикани од долготрајната војна и бесмисленото насилство од страна на фундаменталистичкиот тероризам.”

„Тоа се судбини – истакна Светиот Отец – кои нѐ принудуваат да поминеме низ искуството на крстот Исусов”, повод за страдања и искушенија, но истовремено извор на спасение.”

Оттука Папата го насочи вниманието за една многу важна работа, а тоа е формацијата на семинаристите и постојана формација на свештениците – истакна тој – „но и свесни за радикалниот избор, изразен од мнозина и нивното херојско сведоштво во своите често измачени заедници”.

„Треба да сме свесни за искушенијата со кои можат да се сретнат, како што е стремежот за признавање на социјалниот статус на богопосветените во некои географски области, или начините за остварување на водачка улога според критериумите на човечкото одобрување или според шемите за култура и животна средина”.

Затоа – охрабри Папата – „треба да се продолжи со поддршка на проектите и иницијативите, изградувајќи ја на автентичен Црквата. Важно е секогаш да се негува стилот на евангелската близина”.

Папата Фрањо потсети дека блискоисточните цркви чуваат бројни почитувани спомени, цркви, манастири, места на светци и светици. „Тие треба да се одржуваат и зачуваат, исто благодарение на вашата помош, помагајќи на тој начин поклонение до корените на верата. Но, кога нема можност да се обноват или одржуваат структурите, треба да продолжиме да бидеме живиот храм на Господ”:

„Сега да се чувствуваме живи камења, цврсто фатени за Исус, кој е камен аголен! Да не заборавиме дека на Блискиот Исток, исто така и во овие денови, христијаните – без разлика дали се католици, православни или протестанти – ја пролеваат крвта, како “печат” на своето сведоштво”.

Папата упати апел „бројните блискоисточни верници, кои се принудени да емигрираат, да бидат прифатени во местата каде што пристигнуваат и да можат да продолжат да живеат според сопствената црковна традиција”.

„На овој начин вашата работа ќе стане мост меѓу Западот и Истокот, како во земјите од каде доаѓаат, така и во оние од кои вие самите доаѓате”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот