Папата даде интервју по повод посетата на Шведска

Папата даде интервју по повод посетата на Шведска

Не можете да бидете католици и секташи – истакна папата Фрањо во пресрет на апостолското патување во Шведска, кое ќе го започне на 31 октомври за да учествува на екуменската прослава по повод 500 години од Лутеранската реформа.

Во долгиот разговор со патер Улф Џонсон директор на списанието „Signum“ на шведските Исусовци, заедно со директорот на часописот „La Civiltà Cattolica“ патер Антонио Спадар, Папата меѓу останатото говореше за своите пријателства со лутераните уште додека бил млад човек и подоцна во времето на својата епископска служба и посебно ја истакна важноста за заедничко одење, за да не – како што кажа – останеме затворени во крутите аспекти, затоа што во нив нема можност за реформа.

Надежта како и очекувањата од тоа патување е да се успее да се направи чекор во приближувањето, за да бидеме поблиску браќа и сестри во Шведска. Папата Фрањо на самиот почеток во првиот одговор ја објаснува смислата за својата посета на Лунд и Малме по повод 500 годишнина од Рефрмата. Далечината може да доведе до болест на поделба – објасни Папата и ги повика сите да се надминат себе со цел да се сретнат со другите.

Папата Фрањо се присети на „поглавјето“ за своите односи со лутераните низ времето најпрво како надбискуп на Буенос Аирес, потоа како Папа и ја спомна минатогодишната средба на поглаварот на Црквата во Шведска надбискуп г-ѓа Антиј Јекелен. Нејзиниот говор беше прекрасен – се присети Папата и ги истакна убавите и длабоки прашања за заедништвото му ги поставиле едно момче и една жена за време на неговата посета на лутеранската црква во Рим.

Реформата и Словото Божјо се две работи кои Римската Црква треба да ги научи од лутеранската традиција – рече папата Фрањо и објасни дека гестот на Лутер биле реформа во тежок момент за Црквата, а која наместо да стане реформа за целата Црква, се претворила во поделба. Меѓутоа Лутер направил и големи чекори за Словото Божјо да го стави во рацете на народот – додаде Папата напоменувајќи дека барањето за реформа било живо и присутно и во расправите на општите конгрегации пред конклавата.

Теолошкиот дијалог треба да продолжи – е повикот на Папата кога во интервјуто се потсетува дека папата Фрањо е вториот Папа кој оди во Шведска по Иван Павле II, кој таа земја ја посетил во 1989 година и се истакнува дека од тогаш екуменското движење ја губи силата со појавата на нови пречки. Папата Фрањо ги спомна успесите постигнати низ годините чиј врв е важниот екуменски документ за оправдувањето.

И покрај тоа што не ги негира тешкотиите поврзани со теолошките прашања, Папата гледа важен и делотворен облик на дијалог во заедничката молитва и милосрдните дела остварени заеднички во корист на сиромашните болни и затворениците. Важно е да се работи заедно, а не секташки – истакнува Папата и напоменува дека притоа треба секогаш да се има на ум дека прозелитизмот е погрешно однесување и спомнува дека постои екуменизам на крв.

Во текот на разговорот на папата Фрањо му се поставени голем број прашања: од тероризмот во името на религијата за кои Папата кажа дека е хулење на Бог и дека е сатански; до тероризмот на озборувањето кој – според зборовите на Папата – е порок кој тешко се искоренува и насилството кое бара длабоко преобраќање; па до идолопоклонството како лажна религија, како погрешна религиозност.

По анализата на најдраматичните меѓународни случувања како што е состојбата на христијаните во некои подрачја на Блискиот Исток, во „земјите маченички“ – како што рече папата Фрањо кој ја спомна измачената Сирија и истакна дека крвта на маченицит е семе за христијаните.

Интервјуто завршува со разговор повторно за патувањето во Шведска. Притоа Светиот Отец ја поттикна малата католичка заедница во таа земја, во која живеат доселеници од разни страни на светот својата вера и сведоштвото да го живеат со отворен и екуменски дух затоа што – како што рече Светиот Отец – не можете да бидете католици и секташи. Затоа повика заедно да одат, а не да останат затворени во крутите аспекти затоа што во нив нема можност за реформа.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот