Простете ни ако често не сме ве слушале; ако наместо да ви го отвориме срцето, сме ви ги наполниле ушите.
Да се слуша, да бидеме ближни и да сведочиме, се трите чекори на патот на верата – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на крајот од Епископската синода за млади, која ја служеше во базиликата Свети Петар во Ватикан. Не смее да бидеме сезнајни учители и стручњаци за светоста, туку носители на нов живот, односно сведоци на љубовта Божја која спасува. На тоа се повикани христијаните – истана Папата на крајот од Синодата која се одржа од 3 до 26 октомври 2018 година и во чиј фокусот беше светот на младите, верата и распознавањето на звањето.
Евангелието од денешната Литургија зборува за Исусовиот пат на служење кој го води во Ерусалим – рече Светиот Отец – слепиот Вартимеј од просјак станува Исусов ученик и после тоа заминува со останатите за Ерусалим. Така и ние одевме заедно учествувајќи на синодата.
Потребно е да слушаме пред да започнеме да зборуваме, тоа значи дека „апостолатот на увото“ е првиот чекор кој самиот Исус го покажува слушајќи го викот на слепиот од Ерихон и дозволувајќи му да зборува без брзање, додека ние кои биле со Исус го укорувале за да го замолчат – рече папата Фрањо и продолжи: На ум им биле нивните проекти. Меѓутоа за Исус крикот на оној кој бара помош не е непријатност, туку животно прашање. Христијаните се повикани со љубов и трпение да слушаат – не бескорисно брборење, туку потребата на ближниот. Како што Бог никогаш не се изморува, туку секогаш се радува кога Го бараме, така и христијаните мора да ја бараат милоста за отвореното срце за слушање.
Би сакал да им кажам на младите во името на сите возрасни: простете ни ако често не сме ве слушале; ако наместо да ви го отвориме срцето, сме ви ги наполниле ушите – рече Папата и нагласи: Како Исусова Црква сакаме да ве слушаме со љубов, сигурни дека вашиот живот на Бог му е скапоцен затоа што Бог е млад и ги љуби младите; и дека вашиот живот и на нас ни е скапоцен, уште повеќе потребен ни е за да се напредува.
Да се биде ближен како Исус кој лично се среќава со слепиот од Ерихон, тој е вториот чекор на патот на верата – рече Светиот Отец и објасни: Имено Исус го прашува Вартимеј: „Што сакаш да ти направам?“ Бог лично вклучува посебна љубов кон секој. На патот на верата треба да се чуваме од две опасности. Кога верата се фокусира исклучиво на изразите на науката, во опасност е да зборува само од паметот, а не го допира срцето. Кога се фокусира само на делувањето во опасност е да стане морализирање и да се сведе на општествено делување.
Меѓутоа верата е живот, таа значи да се живее љубовта за Бог која ни го променила животот – рече папата Фрањо и предупреди: Не можеме да бидеме учители или работници на науката. Повикани сме да го продолжиме делото Божјо на Божји начин, во непосредна близина, блиску до Него, во заедништвото меѓу нас и блиску до браќата. „Да се биде ближен“ и „лек тпротив склоностите на веќе подготвени рецепти“ се наоѓа во носењето на Божјите новости во животот на браќата.
Дали сме способни да излеземе од своите кругови за да ги прегрнеме оние кои не се „наши“, а кои Бог искрено ги бара? – праша Папата и напомена: Имено секогаш постои искушението од „миење на рацете“, но мораме да правиме како Исус кој се наведнал над слепиот, мора да ги извалкаме рацете. Свесни сме дека Господ ги извалкал рацете за секој од нас, и гледајќи го крстот да тргнеме оттаму, потсетувајќи се дека Бог стана наш ближен во гревот и во смртта. Стана наш ближен, сѐ започнува од тоа. Кога заради Неговата љубов и ние стануваме ближни, стануваме носители на нов живот, не сезнајни учители, не стручњаци за светоста, туку сведоци на љубовта која спасува.
Третиот чекор на патот на верата е „да се сведочи“ – рече Светиот Отец и толкуваше: Како слепиот од Ерихон многу млади луѓе „викаат за животот“, но често наоѓаат само лажни ветувања и малку се оние кои навистина се интересираат за нив. Не е христијански да се чека браќата кои се во потрага да чукаат на нашата врата. Мораме да одиме кај нив, не носејќи се себе, туку Исус, затоа што Он нѐ испраќа и охрабрува во Негово име.
Нѐ испраќа да кажеме секому: „Бог те бара за да му дозволиш да те љуби“ – рече папата Фрањо. Колку пати наместо таа ослободувачка порака на спасението сме се донеле себе си, своите „рецепти“, своите „етики“ во Црквата! Колку пати наместо да ги навестуваме зборовите Господови, сме ги шириле своите идеи како Негови зборови! Колку пати луѓето ја почувствувале тежината на нашите институции, повеќе отколку Исусовото пријателско присуство! Па, личиме на невладина организација, на пасторална организација, но не на заедница на спасение кои ја живеат радоста Господова.
Верата го спасила Вартимеј. Спасението не било во неговото јасно сфаќање на Бог, туку во барањето и желбата за да Го сретне. Верата е прашање на средба со Исус, а не прашање на теорија. За да бидеме делотворни, потребно е сведоштво со нашиот живот, а не нашите проповеди. Три чекори се на патот на верата: да се слушаат младите, да се биде ближен и да им се сведочи радоста со својот живот, односно Исус – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк