Папата: Да се обединиме во молитвите за мир

Папата: Да се обединиме во молитвите за мир

Папата Фрањо ги поздрави сите присутни Римјани и ходочасници од целиот свет на празникот Цветници на плоштадот Свети Петар во Ватикан и сите ги покани да се обединат во молитвите за мир, посебно сеќавајќи се на напатената Украина. Им се заблагодари на сите за нивните молитви во последните денови

На крајот од литургиското славење на празникот Цветници на плоштадот Свети Петар во Ватикан во недела 2 април 2023 година, а пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ги поздрави сите присутни Римјани и ходочасници од целиот свет.

Ви благодарам за учеството, но и за вашите молитви кои во овие денови денови беа посилни. Ви благодарам!

Светиот Отец упати посебен благослов за Караванот на мирот кој деновиве тргна од Италија за Украина, а кој заеднички го организираа повеќе здруженија: Папата Иван XXIII, FOCSIV, Pro Civitate Christiana, Pax Christi и други. Заедно со основните потреби, тие ја донесуваат близината на италијанскиот народ до маченичкиот украински народ, а денес даруваат маслинови гранчиња, симбол на Христовиот мир.

Да се придружиме на овој гест со нашата молитва, која ќе биде поинтензивна во деновите на Страсната седмица.

Потсетувајќи се на почетокот на Страсната седмица, папата Фрањо ги повика присутните верници да го живеат претстојното време како што нè учи традицијата на светиот, верен Божји народ, односно следејќи го Господ Исус со вера и љубов. Од нашата Мајка, Дева Марија учиме: таа го следеше својот Син со близината на срцето, беше една душа со него и покрај тоа што не разбираше, целосно се предаде на волјата на Бога Отецот.

Богородица нека ни помогне да бидеме блиску до Исус присутен кај оние кои страдаат, во отфрлените и напуштените. На сите ви посакувам среќен од до Велигеден!

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот