Потребно е да одиме на света Литургија за да живееме како христијани – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, на 4 април 2018 година. Светиот Отец продолжи со серијата катехези за Евхаристијата, а се фокусираше на завршните обреди на Светата Литургија.
На почетокот на катехезата Папата ги потсети присутните ходочасници дека воскресното цвеќе ни зборува за радоста: радоста која ја чувствуваме во цветањето на Воскреснатиот Христос, во цветањето на нашето оправдување, во цветањето на светоста на Црквата. Славењето продолжува во целото воскресно време, но посебно во оваа недела затоа што секој ден се слави како Недела на Воскресението Господово. Папата Фрањо потоа ги повика едни на други да си честитаат „Среќен Велигден“, а потоа сите заедно да му честитаат Велигден на почесниот папа Бенедикт XVI.
Како што литургиската жртва започнува со знакот на крстот така евхаристиското славење го завршуваме од благословот на Троединиот Бог – рече Папата и продолжи: Христијаните не одат на света Литургија за да ја исполнат неделната должност и потоа да заборават сè. Не! Христијаните одат на света Литургија за да учествуваат во маката и воскресението Господово и да живеат сѐ повеќе како христијани. Кога светата Литургија ќе заврши започнува христијанското сведоштво. Излегуваме од црквата за „одејќи во мир“ да го донесеме Божјиот благослов во секојдневните активности, во нашите домови, работното опкружување, меѓу професиите во земниот град, прославувајќи го Господ со својот живот – рече Светиот Отец и истакна: Секој пат кога ќе излеземе од светата Литургија мораме да излеземе „подобри“ од кога сме влегле: со повеќе живот, со повеќе сила, со повеќе волја за да дадеме христијанско сведоштво. По патот на Евахаристијата Господ Исус влегува во нас, во нашето срце, во нашето тело, за во животот да ја покажеме светата Тајна примена со вера.
Од славењето до животот свесни дека светата Литургија своето исполнување го пронаоѓа во конкретните одлуки кои лично се вклучени во Христовото таинство – рече папата Фрањо и предупреди: Не смееме да зборавиме да славиме евхаристија за да научиме да станеме евхаристиски мажи и жени. Што значи тоа? Тоа значи да дозволиме Христос да делува во нашите дела: неговите мисли да бидат наши мисли, неговите чувствата да бидат наши чувства, неговите избори да бидат нашите избори. Тоа е христијанската светост: да правиме како што Исус правел – истакна Папата и продолжи: Апостолот Павле тоа го изразува на следниот начин: „се распнав со Христа; јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене.“ (Гал 2, 19-20)
Светиот Отец објасни дека искуството на Павле нè просветлува и нас: во мерката во која ја умртвуваме својата себичност односно даваме во нас да умре тоа што се противи на Евангелието и на Исусовата љубов, во нас со силата на неговиот Дух се создава поголем простор. Христијаните се мажи и жени кои дозволуваат со силата на Светиот Дух душата да им се прошири откако го примиле Телото и Крвта Христови – рече Светиот Отец и додаде: Дозволете со силата на Духот да ви се прошири душата!
Бидејќи вистинското Христово присуство во посветениот леб не престанува со светата Литургија, Евхаристијата се чува во светохранилиште или табернакул за причест на болните и за тивко обожавање на Господ во Пресветата Тајна – објасни Папата и додаде: Евхаристиското почитување надвор од светата Литургија дали лично или во заеднички облик ни помага да останеме во Христос.
Плодовите од светата Литургија се одредени за созревање во секојдневниот живот – продолжи папата Фрањо. Тоа можеме да го кажеме на следниот начин: светата Литургија е како зрно пченично, кое потоа расте во секојдневниот живот, расте и созрева во добрите дела, во ставовите кои нè прават слични на Исус. Всушност растејќи во единството со Христос евхаристијата го обновува да стане животот со милоста примена во светите Тајни Крштние и Миропомазание за нашето христијанско сведоштво веродостојно – рече Папата.
Освен тоа, Евхаристијата нè одвојува од гревот: „Колку повеќе учествуваме во Христовиот живот и напредуваме во неговото пријателство, толку ни е потешко да прекинеме со Него заради смртен грев“ (ККЦ 1395). Светиот Отец потоа рече дека редовното пристапување на евхаристиската трпеза обновува, зацврстува и го продлабочува односот со христијанската заедница на која ѝ припаѓаме во согласност со начелото: евхаристијата ја создава Црквата. Конечно учеството на евхаристијата нè обврзува во прилог на другите, а посебно на сиромашните, учејќи нè како од телото Христово да преминеме на телото на браќата и сестрите во кои Он очекува да го препознаеме, да му служиме, почитуваме, љубиме.
Бидејќи богатството на единството со Христос го носиме во глинени садови, потребно е да се враќаме на светиот олтар сѐ додека во рајот во полнотата не го вкусиме блаженството на свадбената гозба на Јагнето. Да му се заблагодариме на Господ на патот на повторното откривање на светата Литургија – рече папата Фрањо и заврши: Да дозволиме со обовена вера да нè привлече таа реална средба со Исус кој за нас умре и воскресна.
РВ/к.мк