На крајот од Генералната аудиенција во среда 23 август 2023 година, папата Фрањо повторно ги посвети своите мисли на напатената Украина; ги спомна бројните смртни случаи поради конфликтот, како и исчезнатите деца и поттикна да се моли за таа земја.
Папата Фрањо на Генералната аудиенција не пропушти да ја спомене Украина. Додека борбите траат веќе 546 дена, Светиот Отец на крајот од аудиенцијата, во поздравот на италијански јазик, ја довери земјата на застапништвото на Свети Вартоломеј, земја кога толку многу е искушувана од војната и исполнета со болка поради бројните изгубени човечки животи и сите ги поттикна постојано да молат. Тоа го направи на денот кога земјата го слави државното знаме, во пресрет на Денот на независноста, која беше стекната на 24 август 1991 година.
Да молиме за нашите браќа и сестри Украинци, кои толку многу страдаат; војната е сурова, толку многу исчезнати деца, толку многу мртви луѓе, ве молам, ве молам, да не заборавиме на напатената Украина; денес е значаен датум за нивната земја.
И во поздравот до ходочасниците од Полска, Папата ја спомена Украина и ги поттикна конкретно да сведочат за љубовта кон својот ближен, особено кон украинското население кое страда поради војната.
Ватикан њуз/к.мк