Состојбата на христијанинот мора да биде состојба на утеха па и во лошите моменти.
Господ нѐ утешува со нежност, како што прави мајката кога го милува своето дете кога плаче – рече папата Фрањо на 11 декември 2018 година за време на утринската Литургија во домот Света Марта во Ватикан, поттикнувајќи да дозволиме Бог да нѐ утешува и да не му се спротивставуваме. Првото литургиско читање од книгата на пророк Исаија е токму повик на утеха: „Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог“, затоа што за неправдата му е дадено задоволување. Се работи за „утеха за спасение“ – истакна Папата и нагласи за радосната вест дека сме спасени.
Воскреснатиот Христос, во оние четириесет дена после восресението, спрема своите ученици го прави токму тоа, ги утешува – рече Светиот Отец и додаде: Но ние се сакаме да ризикуваме, се спротивставуваме на утехата како да сме сигурни во немирните води на проблемите. Се обложуваме за жал на проблемите и поразите, додека Господ работи со многу сила, но наидува на отпор. Тоа се гледа и на учениците во воскресното утро; сакаат да се допрат и добро да се уверат. И ние тоа го правиме затоа што се плашиме од друг пораз.
Врзани сме на тој духовен песимизам – рече папата Фрањо и продолжи: Кога на Генералната аудиенција некои родители ќе ми донесат деца за да ги благословам, некои од нив кога ќе ме видат врескаат, започнуваат да плачат, затоа што ме гледаат во бела облека и се присетуваат на лекар или на болничар кои им имаат дадено инекции и си мислат: „Не повторно“. И ние се однесуваме слично, но Господ вели: „Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ“!
Како Господ утешува? – праша Папата и одговори: Со нежност. Тоа е јазикот кој го познаваат прорците на несреќата. Тој збор е отстранет од сите пороци кои нè отуѓуваат од Господ; црковните пороци на христијаните кои не сакат да се движат и кои се млаки… Нежноста плаши. Делот на Исаија завршува: „Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово. Како пастир ќе го пасе Он стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Он во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води дојдените.“
Нежноста е начинот на кој Господ утешува – рече Светиот Отец и додаде: Нежноста утешува. Мајките кога детето плаче го милуваат и го смируваат со нежност. Нежноста е збор кој денешниот свет го бриши од речникот. Господ нè повикува да дозволиме да нè утеши и тоа помага исто така во подготовката за Божиќ. Денес во соборната молитва се молевме за благодатта за искрено воскликнување и за едноставна но искрена радост.
Состојбата на христијаните мора да биде состојба на утеха, па и во лошите моменти – рече папата Фрањо и напомена: Мачениците влегувале во Колосеумот пеејќи. Денешните маченици, мислам на добрите работници Коптите кои се погубени на либиската плажа, умирале говорејќи: „Исусе, Исусе!“ Во таа молитва била присутна утехата, односно радоста во моментот на мачеништвото. Редовната состојба на христијаните мора да биде состојба на утеха која не е иста со оптимизмот. Оптимизмот е нешто друго.
Утехата е позитивен темел – рече Папата и толкуваше: Се работи за просветлени и позитивни луѓе. Утехата е токму таа христијанска позитивност и просветленост. Во моментите кога се трпи не се чувствува утехата, но христијанинот не може да го загуби мирот, затоа што тоа е дар од Господ кој го дава на сите, па и во најтешките моменти. Оваа недела на подготовка за Божиќ да Го молиме Господ за да не се плашиме да Му дозволиме Он да нè утеши.
Да молиме за да и ние се подготвиме за Божиќ во мир – рече Светиот Отец и додаде: Со мирот во срцата, со мир во Божјото присуство и со мирот кој го дава Неговото милување. Некој ќе каже: Но јас сум голем грешник… Да, но што ни вели денешното Евангелие (Матеј 18,12-14). Господ кој утешува како пастир, ако изгуби една од своите, оди да ја бара како оној човек кој има сто овци, една се загуби, но оди да ја бара. Така прави Господ со секој од нас. Некој ќе каже дека не сака мир, дека се спротивставува на мирот и утехата. Но, Исус е на вратата. Он чука на нашето срце за да Му отвориме и да дозволиме да нè утеши и да ни даде мир – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк