Папата го прими водачот на аргентинското племе Квом
Ватикан, 25.6.2013 /к.мк/ – За состојбата на домородните народи и нивните права папата Фрањо разговараше во понедлник 24 јуни со Феликс Дијаз, водач на аргентинската заедница „Пролет“ од племето Квом, кого Светиот Отец го прими на аудиенција заедно со нобеловецот Адолф Перез Ескивел. Благодарејќи му на Светиот Отец за средбата, Феликс Дијаз – како што изјави патер Ломбарди – ги изнесе потешкотиите на домородните народи во Аргентина и Латинска Америка, како и нивната загриженост за зачувување на нивните права, посебно нивната територија и нивната култура. (го*ко)
Категорија:
Ватикан