Папата го посети римското претставништво на Scholas Occurrentes

Папата го посети римското претставништво на Scholas Occurrentes

Папата Фрањо на 26 октомври 2017 година го посети римското претставништво на Фондацијата Scholas Occurrentes и тоа прв пат по неговото отворање во јуни оваа година. Потсетуваме дека Scholas Occurrentes е организација со Папско право, формирана во 2013 година по желба на Папата и врз основа на иницијативата која ја започна на перифериите од Буенос Аирес, како тогашен надбискуп, а опфаќа мрежа на јавни и приватни образовни установи од различни вероисповеди, кои имаат за цел промовирање на култура на средби, дијалог и почитување на различностите.

Ова беше посебна можност за Папата, кој секогаш учествува во активностите на оваа организација, а тука имаше можност да разговара со студенти кои живеат во тешки услови во Мексико, Парагвај, Аргентина, Порторико и Тексас, ги слушна нивните приказни, но и сведоштва за помошта која ја дава Scholas Occurrentes.

Меѓу темите за кои се разговарало истакнати се оние кои се поврзани со миграцијата и прифаќањето, на оние во потреба – според зборовите на Папата – и на новиот и на стариот континент, а кои секогаш се извор на заемно збогатување. Од сите народи барам да им се помогне на мигрантите, бидејќи се ветување за живот во иднината – рече Папата, меѓутоа побара и од мигрантите да го чуваат народот кој ги прифаќа, почитувајќи ги нивните закони.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот