Папата го отвoри 20. Генерално собрание на Каритас Интернационалис
Со свечена литургија во базиликата Свети Петар папата Фрањо го отвори 20 Генерално собрание на Каритас интернационалис, која се одржува од 12 до 17 мај во Рим на тема: „Само едно човечко семејство, да го чуваме созданието“.
Повеќе од 300 делегати, ќе учествуваат во активностите на меѓународната добротворна организација за подобрување на животот на најсиромашните. „Папата Фрањо побара од нас да се упатиме кон периферијата, за да им помогнеме на сиромашните“, вели во соопштението кардиналот Оскар Родригез Марадијага, претседател на меѓународната католичка организација, кој официјално ќе го отвори собранието на 13 мај.
„Нееднаквоста, миграциите, климатските промени, конфликтите и скандалот на гладот се предизвиците за Каритас, чија мисија е да ги промовира развојот и правдата“, изјави Мајкл Рој, Генерален секретар на Каритас интернационалис.
„Во 2005, бројот на сиромашните кои имаат потреба од итна хуманитарна помош бил 40 милиони лица, а во 2015 нивниот број е 79 милиони“, стои во официјалното соопштение. „Секој 10 секунди умира едно дете поради болести поврзани со неухранетост. До 2015 година, 2,7 милијарди луѓе веројатно ќе бидат погодени од сериозен недостаток на вода, а до 2050 година поради глобалното затоплување, над 200 милиони луѓе ќе останат без покрив“.
„Католичката црква, со помош на организации како Каритас, има важна улога за севкупниот човеков развој и во борбата за поголема социјална правда. „Само едно човечко семејство, да го зачуваме созданието“ е порака на надеж, зашто работејќи заедно, можеме да ги заштитиме луѓето и планетата од сиромаштијата, исклучувањето и ексцесите на потрошното општество“.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк