Папата го именува отец Петко Валов за епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“ во Бугарија
Светиот Отец го прифати повлекувањето на епископот Христо Пројков од пасторалното раководење на епархијата „Свети Иван XXIII“ за католиците од византиски обред во Бугарија и го именува за нов епископ монсињор Петко Валов.
Монсињор Петко Валов е роден на 8 јануари 1966 година во Софија (Бугарија) во христијанско семејство и завршува стоматологија.
Студирал филозофија на Папскиот факултет Урбанијана и, откако се преселил во Папскиот грчки факултет, посетува теологија на Папскиот универзитет Грегоријана во Рим, магистрирајќи моралната теологија на Папската Алфонсиска академија во Рим.
За свештеник е ракоположен на 11 октомври 1997 година за епархијата Свети Иван XXIII.
Ги извршувал следните функции: од 1999 година парохиски свештеник на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ново Делчево; од 2008 година е делегат на Католичката црква во Националниот совет на верските заедници во Бугарија; од 2009 година канцелар на епархијата; од 2013 година, делегат на Извршниот одбор на епархиската добротворна фондација „Рождество Христово“ за самохрани мајки; од 2020 година, секретар на Бугарската меѓуепископска конференција; од 2022 година претседател на УО на Каритас Софија.
Освен бугарски, зборува италијански, англиски, француски, руски, разбира црковнословенски и македонски јазик.
Ватикан њуз/к.мк