Папата го благослови „Денот на животот“ во Велика Британија
Папата Фрањо го испраќа својот благослов и молитви до учесниците на „Денот на животот“, кој Католичката црква во Англија и Велс го одбележа на 19 јуни.
Промовирање на достоинството на човековата личност
Во пораката, цитирана од католичката агенција Sir, апостолскиот нунциј во Велика Британија, архиепископот Антонио Менини, ги информира католиците во земјата за „Апостолскиот благослов“ на Папата упатен до сите учесници на овој значаен настан, кои работат за поддржување на достоинството на секое човечко суштество од зачнувањето до природна смрт“.
Денот е посветен на темата за лицата со инвалидитет
На крајот на оваа недела, повеќе од 300 илјади брошури ќе бидат дистрибуирани во англиските парохии, со кои се потсетуваат верниците за „чудесниот дар на човечкиот живот“. Овогодишното сведоштво за „Денот на животот“ ќе биде откровението на Паула поврзана со Заедницата L’Arche di Jean Vanier, и која страда од тешки и повеќекратни попречености. Нејзиното сведоштво – истакнуваат англиските епископи во соопштението – нè повикува „да запреме и да ме наоколу и да видиме колку дарови сме добиле од Бог“, со јасна свест дека најубавото меѓу нив се токму најсиромашните.
Да го цениме секогаш дарот на животот
„Лесно е да се избегнуваат или да се игнорираат луѓето кои не изгледаат „како нас“, било поради нивните повреди, возраста, нивната ранливост или слабост“. Епископите го завршуваат соопштението, нагласувајќи дека токму благодарение на овие луѓе, „се учиме да го почитуваме подлабоко скапоцениот дар на човечкиот живот.“
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк