Во свет обележан со егоизам и поделби треба да се донесува светоста која се покажува со помош на последните. Тоа го истакна папата Фрањо кога ги прими во аудиенција во Ватикан, командантот на Армијата на спасението со сопругата и придружбата.
Католиците и членовите на Армијата на спасението можат уште повеќе да соработуваат во ширењето на Божјата љубов преку делата на солидарност, давајќи исто така заедничко сведоштво – со тие зборови папата Фрањо му се обрати на генералот Бријан Педлеу, командант на Армијата на спасението, на неговата сопруга и придружбата кога ги прими во аудиенција на 8 ноември 2019 година претпладне. Армијата на спасението е меѓународна мисионерска и добротворна организација која во 1865 година во Лондон ја основа Вилијам Бут за да го шири христијанството и да им пружи помош на сиромашните. Тоа е пепознатливиот и веродостојниот знак на љубовта – рече Папата.
Прва лекција на екуменизмот
Среќавајќи се со членовите на Армијата на спасението, Папата се присети дека првата лекција за екуменизмот ја примил од својата баба кога имал 4 години. Освен тоа истакна дека нивното понизно служење зборува повеќе елоквентно од било кои зборови. Исто така ја спомна средбата со претходниот командант на организацијата пред пет години. Светоста ги надминува верските граници – рече Папата и истакна: Светоста која се покажува во конкретните дела на солидарноста, зборува во срцето и ја потврдува веродостојноста на нашето учење.
На младите им е потребна волја за безусловна љубов
Токму на тој темел католиците и Армијата на спасението можат меѓусебно да си помогнат, со взаемно почитување, давајќи сведоштво кое е како квасец од Исусовата парабола, која жената го помешува со брашно. Бесплатната љубов која ги вдахнува гестовите на служење на оние во потреба не е само квасец, туку и мирис на свежо испечен леб.
Тоа привлекува и уверува – рече Папата и истакна дека посебно на младите им е потребно да го почувствуваат тој мирис затоа што во многу случаи, во нивното секојдневно искуство недостасува. Во свет кој изобилува со егоизам и поделби токму благородниот вкус на безусловната љубов е потребен како лек кој го отвора патот кон трансцедентното значење на нашиот живот.
Ангажирање за римските бездомници
Папата Фрањо како римски епископ потоа им се заблагодари на присутните за ангажирањето на таа организација во градот Рим во давањето помош на бездомниците и маргинализираните кои, како што рече, во Рим се многу. Освен тоа им се заблагодари исто така за сѐ што прават во борбата против трговијата на луѓето и другите облици на ропство.
Ватикан њуз/к.мк