Папата ги прими на аудеинција „Покровителите на уметноста на Ватиканските музеи“
На 19 октомври папата Фрањо ги прими на аудиенција „Покровителите на уметноста на Ватиканските Музеи“ („Patrons of the Arts in the Vatican Museums“), меѓународна заедница на добртотвори кои ги „прифаќаат“ и ги финансираат проектите за конзервирање и реставрирање на ремек – делата кои се чуваат во Ватиканските музеи.
Во текот на минатите три децении, оваа заедница даде голем придонес во обновата на голем дел уметнички богатства кои се чуваат во ватиканските збирки, како и за исполнување на задачата на Музејот во поглед на: верата, уметноста и културата – рече Светиот Отец, и од срце им се заблагодари за нивната работа.
Формирањето на „Покровители на уметноста“ не е надахнато само со пофално чувство за одговорност кон сакралното уметничко наследство кое го поседува Црквата, туку и со желба да се продолжи со духовните и верските идеали кои доведоа до создавање на папските збирки – напомена Папата. Црквата во секое време ја повикува уметноста да ја изрази убавината на верата и да ја навестува евангелската порака за големината на Божјото создание, достоинството на човекот создаден според Неговото лице и подобие.
Ватиканските музеи, напомена Папата – со својата единствена и богата историја, на безбројните поклоници кои доаѓаат во Рим им нуди можност да се сретнат со таа порака преку уметничките дела кои сведочат за духовните копнежи на човечкиот род, за највозвишените таинства на христијанската вера и за барање на онаа највозвишена убавина, која свој почеток и свое исполнување го има во Бог – истакна Светиот Отец.
На крајот папата Фрањо посака нивната подршка за уметничките дела на Ватиканските музеи секогаш да биде знак на нивното учество во животот и посланието на Црквата. Нека биде израз на нашата надеж за доаѓање на она Царство, чија убавина, склад и мир го очекува секое човечко срце – истакна Светиот Отец.
го*ко