Папата ги поздрави новинарите во авионот
Светиот Отец кратко ги поздрави новинарите акредитирани при Светиот Престол кој го придружуваат патувањето во Грузија и Азербејџан. Новиот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке го замоли Папата за неколку зборови.
Во летот кон Грузија и Азербејџан на 30 септември 2016 година, Папата кратко се обрати до новинарите, а на повик на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке: Свети Оче Ви благодариме што сте со нас. Би сакал да ви кажам благодарам пред сè за расположливоста, за трпението. Видовме еден ден поздрави околу 400 новинари – и тоа поединечно! Големо трпение. Се надеваме дека утрово вашето трпение нема да го доведеме до искушение. Ова е поздравот кој Папата ќе го упати, а конференцијата за печат ќе биде подоцна на враќање, а не утрово – рече Грег Бурке – новиот директот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол на кој ова му е прво патување со Светиот Отец во тоа својство од кога е на таа должност, откако пред два месеци се повлече патер Федерико Ломбарди.
Папата новинарите ги поздрави само кратко: Добар ден! На сите вас ви посакувам добредојде. Ви благодарам за друштвото. Освен тоа добредојде посакувам и на Грег на кој ова му е прво патување – рече на крајот Светиот Отец и на новинарите им се заблгодари за нивната работа и додаде дека оваа патување ќе биде кратко и за три дена сите ќе можеме да се вратим дома – му благодариме на Бог, рече на крајот Светиот Отец,
РВ/к.мк