Папата ги објави имињата на новите кардинали

По завршувањето на Молитвата Ангел Господов во недела 12 јануари папата Фрањо ги објави имињата на 16 новите кардинали со право на глас, кои ќе ги именува на Кардиналскиот конзисториумот предвиден за 22 февруари. Меѓу кардиналите ќе се вбројат и имињата на Герхард Лудвиг Милер, Префект на Конгрегацијата за наука на верата и архиепископот Пиетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.

Во листата подолу се имињата на останатите објавени имиња за нови кардинали:

Лоренцо Балдисери, Генерален секретар на Синодот на епископите (Италија).

Бенјамин Стела, Префект на Конгрегацијата за клерици (Италија).

Винсент Николс, Архиепископ од Вестминстер (Велика Британија).

Леополдо Хозе Бренес Солорцано, Архиепископот од Манагва (Никарагва).

Жералд Киприен Лакроа,  Архиепископ од  Квебек (Канада).

Жан-Пјер Кутва, архиепископ од Абиџан (Брегот на Слонова Коска).

Орани Жао Темпеста, о.цист., Архиепископ од Рио де Жанеиро (Бразил).

Валтиеро Базети, Архиепископ од Перуџа (Италија).

Марио Аурелио Поли, архиепископ од Буенос Аирес (Аргентина).

Ендрју Јом Со, архиепископот од Сеул (Кореја).

Рикардо Езати Андрело, СДБ, Архиепископ од Сантијаго де Чиле (Чиле).

Филип Оуедраого Накелентуба, Архиепископ од Уагадугу (Буркина Фасо).

Орландо Б Куеведо, OMI, Котабато (Филипини).

Чибли Ланглоис, епископ од Лес Цајес (Хаити)

Покрај овие кардинали, папата Фрањо ги објави имињата и на троица архиепископи во мирување, кои поради нивната возраст над 80 години нема да можат да учествуваат на следните конклави. Меѓу нив е секретарот на папата Иван XXIII, кој има 98 години.

Лорис Франческо Каповила, Титуларен архиепископ од Месембрија, секретар на папата Иван XXIII

Фернандо Себастијан Аквилар, ЦМФ, во мирување архиепископ од Памплона

Келвин Едвард Феликс, во мирување архиепископ од Кастриес.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот