Папата: Воена употреба на атомската енергија е злосторство

Папата: Воена употреба на атомската енергија е злосторство

На деветтиот Меѓународен ден за целосна елиминација на нуклеарното оружје, Папата во Твитер порака повтори дека денес повеќе од кога било, користењето на овој вид ресурси за воени цели не е само против човекот и неговото достоинство, туку против сите можности за иднината во нашиот заеднички дом.

Криминална употреба. Папата е јасен во осудата на употребата на нуклеарната енергија за немирољубиви цели. Во порака на својот Твитер профил @Pontifex во понеделник 26 септември 2022 година Папата ги сумираше своите размислувања: Сакам повторно да нагласам дека употребата на атомска енергија за воени цели, денес повеќе од кога било, е злосторство, и тоа не само против човекот и неговото достоинство, туку против секоја можност за иднина во нашиот заеднички дом.

Папата Фрањо упати порака по повод Меѓународниот ден за целосна елиминација на нуклеарното оружје, со што уште еднаш го нагласи итно потребното алтернативно и итно решение за одвраќањето предизвикано од овој тип на оружје, на што е повикана меѓународната заедница да најде решение. Војната во Украина го заостри системот во кој нуклеарното оружје имаше и сè уште има водечка улога на светската геополитичка сцена. Тоа е пат кој може да го одведе целото човештво во бездната на самоуништувањето. Затоа, денешниот ден, кој од 2013 година на иницијатива на Обединетите нации се одбележува секој 26 септември, е уште еден повик за побрзо размислување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот