Папата: Во целиот свет да се навестува Евангелието

Папата: Во целиот свет да се навестува Евангелието

Неопходно е христијаните да го проповедаат Евангелието низ целиот свет без страв, како што сведочат бројните прогонувани верници. Ова беше во фокусот на папата Фрањо во четврток 5 октомври 2017 година во обраќањето до членовите на Комисијата за црковни односи на меѓународното здружение „Обединети библиски друштва“, организација основана во 1946 година, која обединува околу 146 национални библиски друштва за ширење на Библијата на сите континенти.

Светиот Отец изрази благодарност до сите што „вложуваат напори да го распространат Евангелието, да го олеснат пристапот до Библијата на различни јазици и преку повеќе форми на социјална комуникација”. „Ние сме слуги на Словото на спасение”, истакна Папата, кои нема да се вратат кај Бог без да дадат плод. Тоа е поттикот за да му дозволиме на Словото да нѐ допре, да го искажеме со уста, она што изобилува во срцето.”

„Со помош на Светиот Дух, треба да се храниме од трпезата на Словото преку читање, слушање, учење и сведочење со животот. Ние посветуваме време на оние што ги сакаме, а тука зборуваме за љубовта кон Бог, кој сакаше да ни зборува и да ни понуди зборови на вечен живот”, рече Папата.

Според папата Фрањо, „Исправно е да очекуваме нов импулс за духовниот живот од зголемената почит кон Словото Божјо, кое не смееме да го задржиме за себе”:

„Денес е од животно значење за Црквата да излезе и да го проповеда Евангелието на сите, насекаде, во секоја пригода, без двоумење, неволност или страв” (Evangelii gaudium, 23). Тоа го правиме од послушност кон мисионерското послание кое го даде Господ и со доверба за неговата присутност меѓу нас, до крајот на светот” (сп. Матеј 28:20).

Словото Божјо, објасни Папата, осветлува, закрилува, заштитува, лекува и ослободува. Тоа не е врзано во окови! За него многумина од нашите браќа и сестри се наоѓаат во затвор, а многумина други ја пролеале крвта како сведоштво за нивната вера во Исус Христос.

Словото Божјо е, исто така, Слово за помирување меѓу христијаните, но во исто време, Папата рече: Ние сме слуги на Словото на вистината:

“Убедени сме дека од Бог посакуваното единство може да се постигне единствено преку општо придржување кон целосната содржина на верата, која ни е објавена. По прашања за верата, компромисот е во спротивност со Бога, кој е Вистина. Во Телото на Христос, кој е „пат, вистина и живот”, кој може да го легитимизира помирувањето по цена на вистината?”(Ut unint sint, 18).

На крајот, Папата ги повика сите да одат заедно за да го распространат Словото. „Да се молиме заедно, за да се исполни волјата на Отецот”. Да работиме заедно за да го направиме она што го рече Господ (сп. Лука 1, 38).

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот