Папата: Во тешките моменти да го свртиме погледот кон крстот

Папата: Во тешките моменти да го свртиме погледот кон крстот

Гледањето во распетието ги исцелува нашите затворени срца – истакна папата Фрањо на светата Литургија, која ја служеше во домот Света Марта, во Ватикан на 20 март 2018 година, повикувајќи да го свртиме својот поглед кон крстот кога се чувствуваме депремирани или изморени од патот на животот.

Појдовна точка на денешто размислување на Папата беше првото читање од Книгата Броеви кое раскажува како Израелците биле огорчени заради долгото патување и уморни од тоа што морале да јадат иста храна. Мрмореле против храната зборувајќи дека ќе умрат во пустината заради Бог и Мојсеј.

Додека се приближувале до ветената земја, некои Израелци се посомневале затоа што извидниците кои ги испраќа Мојсеј се вратиле со вести дека земјата е богата, но е населена со народ кој е невозможно да се победи. Гледајќи само на сопствената сила, заборавиле на Божјата сила која ги избавила од 400 години ропство – рече папата Фрањо.

Светиот Отец потоа ги спореди тие Израелци кои се жалат заради патувањето со оние луѓе кои започнуваат да го следат Господ, но се откажуваат кога патот станува премногу тежок. Во тие моменти велат: „Доста ми е од сè! Застанувам. Се враќам назад.“ Потоа започнуваат да се присетуваат на минатото: на месото, лукот и другите прекрасни работи… Тие се илузиите кои ги предлага ѓаволот. Кога ќе започнеме да ја чувствуваме жештината на денот на патот на преобраќањето, ѓаволот ни дава во убаво светло да го видиме сето она што сме го оставиле зад себе. Папата нè повикува да сфатиме колку е делумно таквото „болно сеќавање“. Тоа е искривен ум затоа што Израелците јаделе од трпезата на ропството затоа што биле робови во Египет.

Змиите кои го јадат народот и го трујат се надворешен симбол на затворените срца. И така Господ му зборува на Мојсеј да направи змија од бакар и да ја постави на стап. Таа змија ги излекувала сите кои ќе погледнат во неа. Тоа било пророчко: ликот на Христос на крстот – истакна папата Фрањо и продолжи: Тоа е клучот на нашето спасение, клучот на трпението на патот на животот, клучот за надминување на пустината: да се гледа распетието. Сè што треба да направиме е да го гледаме Исус и неговите рани затоа што преку тие рани сме исцелени. Многу распетија се убави исто така сакаат да ја изразат како славата на крстот така и славата на воскресението – објасни Светиот Отец.

Папата потоа раскажа настан од своето детство. На еден Велики Петок бил со својата баба на процесија со свеќа во парохијата. Кога поминувала мермерната статуа на мртвиот Христос во природна големина, клекнал со баба му. Добро гледај – рекла – но утре ќе воскресне! И така мојата баба, кога другиот ден ги слушна црковните ѕвона дека го навестуваат воскресението имаше насолзени очи затоа што во тој момент ја гледаше Христовата слава – рече папата Фрањо.

Учете ги вашите деца да го гледаат распетието и Христовата слава – продолжи Светиот Отец. Кога поминуваме низ тешки, лоши моменти, кога заради разочараноста во својата внатрешност сме кажале нешто отровно против Бог, да гледаме на раните! Христос е подигнат како змијата од бакар: Он стана змијата, се испразни за да го победи злото на змијата. Нека Словото Божјо нè подучи на овој пат: да го гледаме крстот посебно во моментите кога како народ Божји се изморуваме од патот на животот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот