Папата: Во Сирија би можело да дојде до хуманитарна криза

Папата: Во Сирија би можело да дојде до хуманитарна криза

На крајот од пладневниот наговор, на 2 септември 2018 година, папата Фрањо упати силен апел за Сирија, повторно повикувајќи ја меѓународната заедница да се заземе на подрачјето на дипломатијата и преговорите за да се заштитат човечките животи.

Голема е загриженоста на папата Фрањо заради настаните во Сирија. После молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на – како што рече – вознемирувачките вести кои доаѓаат од тој крај, и изрази загриженост дека би можело да дојде до хуманитарна катастрофа. Затоа ги повика сите учесници вклучени во конфликтот да не ги штедат напорите за најмногу да ги заштитат животите на недолжни луѓе.

Тоа натажува – рече Папата – што сѐ уште дуваат ветровите на војната и што пристигнуваат вознемирувачки вести за опасност од можна хуманитарна катастрофа во саканата Сирија, во покраината Идлиб. Повторно упатувам силен апел до меѓународната заедница и до сите кои се вклучени во тие случувања да ги искористат инструментите на дипломатијата, дијалогот и преговорите, во почитувањето на Меѓународното хуманитарно право со цел заштита на животите на цивилите – поттикна папата Фрањо.

Минатите денови и во Обединетите нации се зборуваше за можноста од хуманитарна криза во случај на напад на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, упориштето на бунтовниците. Имено во истоимениот град би можело да дојде до конечен конфликт со трупите од Дамаск кои ги поддржуваат Русија и Иран. Веќе со денови сириските сили и нивните сојузници се подготвуваат за напад на бунтовниците кои – според известувањата на силите од Дамаск – биле забарикадирани на тоа подрачје, а со нив се и милитантите поврзани со Ак Каеда.

На дипломатски план се работи за да се пронајде решение меѓу конфликтните страни и нивните сојузиници и за да се воспостават хуманитарни коридори во таа покраина. Во Техеран на 7 септември повторно би требало да се сретнат претставници на Иран, Русија и Турција и да настојуваат да пронајдат решение. Иран и Русија се залагаат за последниот удар брз џихадистите, додека Турција која не се согласува со САД се противи на тоа плашејќи се од нов бран бегалци на својата територија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот