Папата во седиштето на ФАО: Гладните не бараат милостиња, туку достоинство

Во четврток 20 номеври 2014 година Светиот Отец престојува во седиштето ФАО во Рим. Таму тој беше пречекан од генералниот директор на ФАО Хозе Грацијано да Силва, заменик генералениот директор на Светската здравствена организација др. Олег Честнов и постојаниот набљудувач на Светиот Престол монс. Луиџи Травалино. Во пленарната сала во зградата на ФАО во Рим, после поздравот на генералниот директор да Силва, Папата на присутните им се обрати со свој говор.

Правото на храна, рече Папа ќе биде загаранирано само ако се погрижиме за лицата кои трпат од глад и неисхранетост, односно за „вистинскиот носител “ на тоа право. Борбата против глад и неисхранетоста ги попречува „приоритетите на пазарите“ и на заработката и се дава предност пред сѐ друго, така што храната е сведена на било каква роба, подложна на секакви, па и на финансиски шпекулации.

„И додека се зборува за нови права, гладниот човек е тука, на аголот од улицата и си ги бара своите граѓански права, право да се почитува и право на основна здрава храна. Бара достоинство, а не милостиња“, истакна Светиот Отец.

Денес многу се зборува за правата, често заборавјќи ги должностите. Можеби премалку се грижиме за оние кои трпат од глад. Од друга страна народите како никогаш досега судбински се поврзани како членови на исто семејство, кои зависат едени од други, рече Папата.

Меѓутоа живееме во време во кое односите меѓу народите пречесто се нарушени од взаемна недоверба, која често поминува во облици на војна и економски агресии, го поткопува пријателството меѓу браќата и го отфрла оној кој е исклучен. Тоа добро го знае оној кој е без леб и без достоинствена работа. Тоа е сликата на светот, во кој мора да се препознаат границите на импостацијата кои се темелат на сувереноста на секоја држава, сфатена како апсолутност и националните интереси, кои често се условувани од мали групи на моќници, рече папата Фрањо.

Но луѓето и народите се тука и бараат да се спроведе во дела законската праведност. Поради тоа истакна Светиот Отец во плановите на развој и работата на меѓународните организации мора да се води сметка за желбата „која е многу често присутна кај обичните луѓе“ во секоја прилика да се почитуваат основите права на лицата и посебно на лицата кои гладуваат.

Кога ова се случува, продолжи Папата, и хуманитарната интервенција, итната операција за пружање помош и за развој – она вистинската, целосната – ќе има поголема мотивација и ќе ги добие саканите плодови. Сигурно дека интересот во производството, достапноста на храната и пристапот до храната, климатските промени, трговијата со земјоделските производи треба да ги одредуваат правилата и техничките мерки на тие ефекти, но тоа не е доволно. Првата грижа треба да биде самиот човек, оние кои немаат секој ден за храна и престанале да мислат на животот, на семејните и општествените односи и се борат само за опстанок, предупреди Папата.

Во своето обраќање потсети и на зборовите на свети Иван Павле II кој ја предупреди меѓународната заедница на опасноста од „парадоксот на изобилството“. Храна има за сите, но немаат сите да јадат, а растурање, фрлање, претерано трошење и користење на храната за други цели се одигрува пред нашите очи. За жал, рече Папата тој „парадокс“ и понатаму е актуелен.

Тоа е предизвик кој треба да го победиме заедно со предизвикот на „недостатокот на солидарност“ кој се должи на фактот што нашите општества ги „карактеризира сѐ поголем индивидуализам и поделба; тоа на крајот доведува до тоа најслабите да се лишуваат од достоинствениот живот и поттикнува бунт против институциите. Кога во некои земји нема солидарност, тогаш сите ги чувствуваат последиците од тоа. Солидарноста е став кој ги оспособува луѓето да одат во пресрет на другиот и се темели на сопствените взаемни односи на она чувство на братство кое ги надминува сите разлики и граници и поттикнува на заедничко барање на општото добро, рече Папата.

Од државите пак сфатени како заедници на луѓе и народи се бара да делуваат заеднички и сложно, со взаемно помагање преку начелата и правилата кои меѓународното право ги става пред нив. Неисцрплив извор на вдахновение е природниот закон запишан во човечкото срце кој го зборува јазикот кој сите можат да го разберат: љубов, правда, мир, кои се меѓусебно неразделиво поврзани. Како и луѓето и државите и меѓународните институции се повикани да ги прифатат и негуваат тие вредности во духот на дијалогот и взаемното слушање.

На тој начин целта за прехранување на човечките семејства станува остварлива. Секоја жена, маж, дете и старите луѓе можат насекаде да сметат на таа гаранција, истакна Папата во својот говор.

Католичката Црква настојува да пружи сопствен придонес и на тоа поле, преку постојано внимание кон животот на сиромашните во сите делови на светот и во таа смисла треба да се разгледува активната вклученост на Светиот Престол во меѓународните организации. На тој начин се обидува да се придонесе за утврдување и примена на критериумите по кои треба да се оствари развојот на праведниот меѓународен систем.  Тие се критериуми кои на етички план, се темелат на стожерите како што се вистината, слободата, праведноста и солидарноста; истовремено на правното подрачје истите тие критериуми го вклучуваат односот помеѓу правото на храната и правото на достоинствен живот и егзистенција, правото на законска заштита која не е секогаш загарантирана на оној кој го трпи тој глад како и моралната обврска за споделување на материјалното богатство во светот, рече Папата предупредувајќи дека ниту еден облик на политички или економски притисок кој се служи со достапноста на храна не може да биде прифатлив.

Ниеден систем на дискриминација, вистински или правен, поврзан со можноста за пристап до пазарот на храна, не смее да се зема како модел за меѓународно делување кој има за цел отстранување на гладот, рече Папата. Светиот Отец на крајот потсети на драматичниот проблем со недостаток на вода: Водата не е бесплатна како што често мислиме. Тоа ќе биде голем проблем кој може да нè доведе до војна, предупреди на крајот Папата.

РВ/Д.И.+го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот