Папата во ерменскиот меморијален центар: Злото нека се победи со добро

Никогаш повеќе да нема трагедија како оваа, човештвото да не заборави и да знае со доброто да го победи злото; нека Бог на саканиот ерменски народ и на целиот свет му подари мир и утеха – рече Папата во Меморијалниот центар во спомен на жртвите за време на Османлиското царство во  Цицернакаберд.

На вториот ден од својата апостолска посета на Ерменија Папата од Ереван отиде во Цицернакаберд, на т.н. „ридот на Голгота“ на кој се наоѓа Меморијалниот центар за спомен на масакарот на Ерменците под Османлиска власт во 1915 година. Центарот е отворен во 1967 година, а во 1995 година по повод 80 годишнината од крвопролевањето е збогатен со музеј во кој се чуваат сведоштва и документи за тој масакар.

Светиот Отец пред споменикот положи венец, а после тоа пред вечниот оган измоли Оче наш и беа прочитани две читања: првото од Посланието до Евреите (Издржавте голема патничка борба), а второто од Евангелието според Иван (Што ќе побарате во мое име ќе ви се даде). На крајот Папата измоли молитва за застапување.

Папата, Католикос и ерменскиот претседател потоа отидоа на терасата на меморијалниот музеј каде што се сретнаа со десетина потомци на прогонети Ерменци кои во тоа време папата Пио XI ги спасил и засолнил во Кастел Гандолфо. Пред заминувањето од центарот папата Фрањо се потпиша во Книгата на честа и напиша: „Овде со болка во срцето молам никогаш повеќе да нема трагедија како оваа, човештвото да не заборави и да знае со доброто да го победи злото; нека Бог на саканиот ерменски народ и на целиот свет му подари мир и утеха. Бог нека го сочува споменот на ерменскиот народ. Споменот не смее да се разводни, ниту заборави; споменот е извор на мирот и иднината.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот