Папата Фрањо во неделата го посети Гречо, каде свети Фрањо Асишки за прв пат поставил божиќна пештера за да ја истакне важноста на Исусовото раѓање. Таму, Папата го потпиша и на сите верници им го испрати апостолското писмо Admirable singum, истакнувајќи ја на тој начин важноста на Божиќните пештери.
Папата Фрањо во неделата го посети Гречо, каде свети Фрањо Асишки за прв пат поставил божиќна пештера за да ја истакне важноста на Исусовото раѓање. Таму, Папата го потпиша и на сите верници им го испрати апостолското писмо Admirable singum, истакнувајќи ја на тој начин важноста на Божиќните пештери. Навестувајте го евангелието ако е потребно и со зборови- Папата Фрањо ги повтори зборовите на Светиот Фрањо Асишки пред собраните семејства, деца, монахињи и монаси од Фрањевачкиот ред и напомена- Не станува збор за prozelitizmu, за убедување на најслабите и грешните, туку за сведочењето. Бог нас не створи од земја, како што пишува во Книгата на настанокот, тој не направи земја иние сме земја. Се заљуби во нашата земја. Сиромашност и понизност се сведочење за Исусовата љубов.
Божиќната пештера која свети Фрањо Асишки за прв пат ја поставил во тој мал простор како имитација на Витлеемската пештера, зборуваат сами за себе. Тука нема потреба од многу зборови, бидејќи самата сцена изразува мудрост која ни е потребна како би сватиле она што е важно- кажа Светиот Отец, истакнувајќи – Потребни ни се моменти на тишина и молитва, за да ја застанеме бучавата во мислите и делата кои го одржуваат брзиот начин на живот. Тишината служи за да размислеме за убавината на лицето на детето Исус кој е роден во сиромашна штала, а молитвата за да ја израземе нашата благодарност полна со восхит за дарот на љубовта кој ни се дава. Имено, едноставниот и прекрасениот знак на јаслите кој беше прифатен и пренесуван од генерација на генерација, се манифестира со големо таинство на христијанската вера.
Бог не сака толку многу што со нас сака да го сподели нашиот човечки живот- кажа Папата Фрањо и додаде- Никогаш не не остава сами, не придружува со своето скриено присуство, но не и невидливо. Во секоја радосна и жалосна ситуација, Он е Емануел, што значи Бог е со нас. Само размислувањето за Божјото раѓање кое Тој го прифати како би станал Дете среде сиромаштија и човечка маленкост, како што беа почуствувале Витлеемските пастири, исто така и ние ќе почуствуваме како срцето ќе ни се исполни со радост.
Тогаш нашето срце ќе биде полно со радост која ќе можеме да ја носиме таму каде што има жалост; ќе има многу надеж која ќе треба да се сподели со ние кои ја имаат изгубено. Да се идентификуваме со Марија која својот Син го положи во јаслите, бидејќи во куќите немаше место. Со неа и со Свети Јосиф, нејзиниот свршеник, да го погледнеме детето Исус. Неговата насмевка во текот на ноќта нека ја отфрли рамнодушноста и отвори радост во срцата на оние кои се чуствуваат сакани од Отецот кој е на небесата – заклучи Папата.
Ватикан њуз/к.мк