Папата: Бог ја води нашата историја

Папата: Бог ја води нашата историја

Да останеме цврсти во Господ – цврсти во таа надеж дека никогаш нѐ не напушта – да се оди во надеж, да се работи на градење подобар свет, без оглед на тешкотиите и тажните настани кои го обележуваат личниот и колективниот опстанок – рече папата Фрањо на Ангел Господов

Говорот на папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 13 ноември 2016 година го пренесуваме во целост:

Драги браќа и сестри,

Денешниот дел од Евангелието (Лк 21, 5-19) го содржи првиот дел од Исусовиот говор за последните времиња во редакција на свети Лука. Исус го изговара додека стои пред храмот во Ерусалим, а поттикнат од изразите на восхит на луѓето за убавината на светилиштето и неговите украси (ред 5). Исус вели: „Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен што не ќе биде урнат“ (ред 6). Можеме да го замислиме влијанието на тие зборови врз Исусовите ученици! Но, тој не сака да го навреди храмот, туку да даде да се разбере за нив и за нас денес дека човечките конструкции, па и оние најсветите, се минливи и не треба во нив да ја положуваме својата сигурност. Колку наводни сигурности во нашиот живот кој сме ги сметале за завршени после се покажувале како минливи! Од друга страна колку проблеми ни изгледале безизлезни, а потоа се решени!

Исус знае дека секогаш постои некој кој шпекулира со човечката потреба за сигурност. Затоа и вели: „Чувајте се, да не ве прелажат;“ (ред 8) и предупредува за многу лажни месии кои ќе дојдат (ред 9) И денес ги има! Додава исто така да не се плашиме и не изгубиме кога ќе слушнеме за војни, револуции и катастрофи затоа што се дел од реалноста на овој свет (ред 10-11). Историјата на црквата е полна со примери за луѓе кои издржале страшни страдања и тешкотии со ведрина, затоа што биле свесни дека се во Божјите раце. Тој е верен и грижлив Отец кој не ги напушта своите деца. Никогаш нѐ не напушта! Таа сигурност треба да ја имаме на срцето! Никогаш нѐ не напушта!

Да останеме цврсти во Господ – цврсти во таа надеж дека никогаш нѐ не напушта – да се оди во надеж, да се работи на градење подобар свет, без оглед на тешкотиите и тажните настани кои го обележуваат личниот и колективниот опстанок; е она што навистина вреди, е она што христијанската заедница е повикана да прави додека чекори во пресрет на „Денот Господов.“ Токму во таа перспектива сакаме да се ставиме во службата која произлегува од овие месеци во кои го живееме со вера вонредниот Јубилеј на милосрдието, кој по бискупиите во целиот свет завршува денес со затворањето на Светата врата на катедралите и црквите. Светата година нѐ повика од една страна своите очи да ги управиме кон исполнување на Божјото Царство, а од друга страна да градиме иднина на оваа земја, работејќи на евангелизација на сегашноста, така што таа да стане време на спасение за сите.

Исус во Евангелието нѐ поттикнува да имаме на ум и на срце дека Бог ја води нашата историја и дека го познава конечниот свршеток на работите и настаните. Под Господовиот милосрден поглед се развива историјата во својот несигурен тек и во својата испреплетеност на доброто и злото. Но, сѐ што се случува е сочувано во Него; нашиот живот не може да се загуби затоа што е во неговите раце. Да се помолиме на Дева Марија преку среќните и тажните настани во овој свет да ни помогне цврсто да се држиме за надежта во вечноста и Царството Божјо. Да се помолиме на Дева Марија да ни помогне длабоко да ја сфатиме оваа вистина: Бог никогаш не ги напушта своите деца!

По Ангел Господов

Драго браќа и сестри,

Оваа недела е побожност на верниците за враќањето на најстариот дрвен крст во базиликата Свети Петар која датира од XVI век. По макотрпната обнова е доведен до својот поранешен сјај и ќе биде поставен во капелата Пресветата Тајна Евхаристија во спомен на Јубилејот на милосрдието.

Во Италија денес се одбележува традиционалниот ден на благодарност за плодовите на земјата и човечкиот труд. Се придржувам на бискупиите со желба мајката земјата секогаш да се обработува на одржлив начин. Црквата со симпатија и благодарност стои зад светот на земјоделството и поттикнува да не се заборават оние кои во различни делови од светот лишени од основните добра како што се храната и водата.

Ве поздравувам сите вас, семејствата, парохиите и верниците поединци кои дојдовте од Италија и од многу други делови од светот. Конкретно ги поздравувам и им се заблагодарувам на здруженијата кои овие денови го покренаа Јубилејот на маргинализираните луѓе. Ви благодарам за работата и за помошта! Ги поздравувам ходочасниците од Рио де Жанеиро, Салерно, Пијаченца, Веролија и Акрија како и советувалиштето „Семејство“ од Милано, како и италијанското братство на „Троичност на световниот ред“. Ви посакувам на сите пријатна недела. Ве молам да не заборавите да се молите за мене. Добар апетит и до гледање.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот