„Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели! (Евреите 13,2) е темата на скулптурата на канадскиот уметник Тимоти Шмалц. Сакав уметничко дело, кое ќе стои тука на Плоштадот Свети Петар, како сите би нѐ потсетувал на евангелскиот предизвик за прифаќање – рече папата Фрањо во недела 29 Септември 2019 година после светата Литургија за мигранти на главниот ватикански плоштад.
После светата Литургија, папата Фрањо упати поздрав до сите присутни на Плоштадот Свети Петар, кои присуствуваа на молитвата и го обновија вниманието на Црквата кон различните ранливи категории кои се во движење. Тој напомена исто така дека денес се слави Светскиот ден на мигранти и бегалци во заедницата на верниците во сите бискупии во светот, потврдувајќи ја со тоа потребата никој да не биде исклучен од општеството, без разлика дали станува збор за дојденец или за граѓани кои веќе подолго живеат на некое подрачје.
Светиот Отец потоа го најави откривањето на скулптурата на главниот ватикански плоштад, која за тема ги има зборовите од Посланието на свети апостол Павле до Евреите: „Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели! (Евреите 13,2). Таа скулптура на канадскиот уметник Тимоти Шмалц е направена од бронза и глина, прикажува група мигранти од различни култури и историски периоди. Го сакам тоа уметничко дело тука, на Плоштадот Свети Петар, како сите би нѐ потсетувал на евангелскиот предизвик за прифаќање – рече папата Фрањо.
На крајот Светиот Отец напомена дека во понеделник 30 Септември во Камерун ќе започне средбата за национален дијалог, која има за цел да пронајде решение за тешката криза со која оваа африканска земја се измачува. Чувствувајќи се близок со страдањата и надежите на саканот камерунски народ, ве повикувам сите на молитва како тој дијалог би бил плоден и би донел праведено и трајно мировно решение, за доброто на сите. Нека Марија, Царицата на мирот посредува за нас – рече папата Фрањо на крајот и потоа заедно со верниците ја молеше молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк