Папата: Бидете татковци и во тешките случаи
Секој покајаник по разрешувањето од свештеникот, преку верата има сигурност дека неговите грвови повеќе не постојат, ги избришало Божјото милосрдие, рече папата Фрањо на аудиенција на 4 март пред учесниците на курсот за исповедници во организација на Апостолската покорница.
Секој покајаник по разрешувањето од свештеникот, преку верата има сигурност дека неговите грвови повеќе не постојат, ги избришало Божјото милосрдие. Секое разрешување во одредена смисла е јубилеј на срцето кое ги радува не само верниците и Црквата, туку пред сè самиот Бог – рече Папата.
Исповед: „сигурен пат“ на милосрдието
Милосрдието – е повеќе отколку што е човечкиот став или крепост – е дефинитивен Божји избор во корист на секој човек, за неговото вечно спасение; а тој избор е запечатен со крвта на Синот Божји – рече Папата. Нагласи дека можноста за прошка е „отворена за сите“ уште повеќе што таа врата е „ширум отворена како најголемата Света врата“ затоа што се работи за срцето на Отецот кој „љуби и ги чека своите деца, а на посебен начин оние кои најмногу згрешиле и кои се оделени.“
Милосрдието на Отецот допира до секој човек на различен начин: по пат на отворање на искрена совест, читање на Божјото Слово кое го преобраќа срцето, преку средбата со милосрдниот брат или сестра или пак во искуствата од живото кои зборуваат за раните, страдањата, прошката и милосрдието. Сепак постои „сигурен пат“ на милосрдието во кој се преминува со можноста на реалноста; со надежта за сигурност: исповедта. Светата Тајна Помирување е привилегирано место за искуство на Божјото милосрдие и славење на средбата со Отецот. Тој друг аспект – славење на средбата со Отецот кој ми прости – многу лесно го забораваме – рече папата Фрањо.
Канали на радост и чувари, а не господари на оците и благодатите
Светиот Отец истакна дека исповедниците секогаш треба да имаат на ум дека тие се средства на Божјото милосрдие и да не ставаат препреки на дарот на спасението. Исповедникот и самиот е грешник на кој му е потребна прошка, најпрво тој не може без Божјото милосрдие – рече Светиот Отец. Како пример на исповедници ги истакна Леополд Мандиќ, Пио од Пиетрелчина и слугата Божји Феличе Капел.
Важно е исповедниците да бидат „канали на радоста“ и верникот откако примил прошка повеќе да не се чувствува угнетуван од вината, туку да може да го искуси делото на Бог Кој го ослободил – рече Папата додавајќи: Ние сме чувари, а никако господари на овците или на милостите. Да ја вратиме светата Тајна Помирување во центарот – и тоа не само за Јубилејот на милосрдието – поттикна потсетувајќи на зборовите на свети Леополд Мандиќ: „Божјото милосрдие ги надминува сите наши очекувања.“
Тешки случаи
А што да се направи во тешките случаи кога не може да се даде разрешување? Пред сè – препорача папата Фрањо – треба да се согледа дали ли сепак постои пат кој често може да се најде. На друго место не треба да се врзуваме само на она што е изговорено, туку треба да се земе во предвид и „јазикот на гестот“. Постојат луѓе – рече Папата кои не можат многу да зборуваат и со гест го искажуваат покајанието.
На трето место препорача во случаите во кои не може да се даде разрешување на човекот да му се пристапи како татко, со зборовите: „Не можам за ова да те разрешам, но можам да ти загарантирам дека Бог те сака и дека Бог те чека. Да ја молиме заедно Богородица да те чува; и дојди врати се затоа што јас ќе те чекам како што те чека Бог,“ и човекот може да се благослови. Така излегувајќи од исповедилницата ќе помисли: „Го пронајдов тато и не ме казни.“
Колку пати сте слушнале – праша Папата – луѓе кои говорат: „Јас никогаш не се исповедувам, затоа што еднаш отидов па (свештеникот) ми се развика?“ И во случаите во кои не може да се разреши луѓето нека ја почувствуваат татковската топлина: Благословете ги и кажете им да се вратат. И молете малку со нив. Тоа секогаш е соодветна точка: овде имаат татко. Бог знае да простува подобро од нас, но ние барем можеме да бидеме слика на Отецот – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк