Аеродромите можат од големите човечки периферии да станат пристаништа и мостови за средба со Бог и со браќата, па дури и места за преобраќање. Треба да се направи во нив да се чувствува присутноста и бесплатноста на Божјата љубов – е задачата која папата Фрањо ја довери на католичките капелани и пасторални работници во цивилното воздухопловство, кои на 10 јуни ги прими во аудиенција во Ватикан, а пред почетокот на меѓународниот семинар во организација на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој на тема: Католичкиот пасторал во цивилното воздухопловство и целосниот човечки развој.
Пристуноста на капеланите и пасторалните работници е многу важна на аеродромите, кои се места на постојан и френетичен сообраќај, во кој се разминуваат милиони луѓе од различни националности, култури, религии и јазици и чиј што екипажи поминуваат многу време оддалечени од своите семејства. На тие места им се потребни присутноста и сведоштвото за Христос кој единствено ги чита срцата на сите луѓе – рече Папата во говорот пред околу 90 претставници на капелании и пасторални работници на аеродромите.
Затоа од присутните побара да бидат пред сѐ бесплатна присутност на Божјата љубов, сведоци на пораката за надеж, нежност и мир, кои токму на тој ден и време на поаѓање може на некои луѓе да им остане белег за целиот живот. Својата служба треба да ја извршуваат предано и со занес, гледајќи ги илјадници лица кои минуваат покрај нив, со Христовото срце, како секој од нив би можел да ја почувствува Божјата близина.
Освен тоа Папата ги потсети присутните на посебната пасторална грижа за најслабите, односно за мигрантите и бегалците кои пристигнуваат на аеродромите, надевајќи се на прибежиште или политички азил.
Ватикан њуз/к.мк