Во пораката за 110 -тиот Светски ден на мигранти и бегалци, што се слави на 29 септември, папата Фрањо поттикнува на молитвата за оние кои, бегајќи од злоупотреба и угнетување, ја напуштаат својата земја во потрага по услови достојни за човек. Тоа се луѓе, пишува Папата, кои го искустват Бога како придружник; Колку Библијата, Евангелието и Светата Бројаница ги придружуваат на патувањата преку пустините, реките, морињата“. Папата посочува: Средбата со мигрант е средба со Христа
„Бог оди со својот народ“ е насловот на пораката на папата Фрањо за 110 -тиот Светски ден на мигранти и бегалци, кој се слави во недела, 29 септември, во која потсетува дека овие луѓе што ја напуштаат својата земја се доверуваат на Бога како придружник, водич и сидро за спасение. Тие се знак на бројни верски симболи кои секогаш се појавуваат по овие драматични патувања. Колку Библијата, Евангелието и Светата Бројаница ги следат преку патувањата преку пистините, реките, морињата и преку границите на сите континенти.
Одете со оние што ја напуштаат својата земја
Пред да заминат, мигрантите се доверуваат на Бога. На него се обраќаат во неволја. Во него, бараат утеха во моментите на малодушност. Благодарение на него, има добри Самарјани на патот. На Него, во молитва, ги доверуваат своите надежи.
На тој ден посветен на мигрантите и бегалците, да се обединиме во молитва за сите што мораа да ги напуштат своите земји во потрага по услови за живот достојни за човекот. Да се чувствуваме како да сме заедно со нив на патот, ја правиме „Синодата“ заедно со нив.
Синодалност и миграција
Миграции и синодалност – навидум се два различни поими. Напротив, потсетувајќи се на првата сесија на редовното генерално собрание на синодата, кое заврши во октомври 2023 година, Папата посочува дека акцентот ставен на синодална димензија овозможува на Црквата да ја открие својата природа како патничка. Тоа е – пишува папата Фрањо – природата на Божјиот народ по патот на историјата, народ на ходочестие, би можеле да кажеме „мигранти“ кон Царството небесно. Само од себе се наметнува библискиот опис на настанот книгата Исход, кој го опишува израелскиот народ на патот кон Ветената земја; Но, општо, во мигрантите на нашето време, како и во сите времиња, се изразува живата слика на Божјиот народ на патот кон вечната татковина.
Нивните патувања полни со надеж нè потсетуваат дека „ нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос“ (Филипјаните 3,20).
Истоштени од жед и глад, исцрпени од напорите, искушувани во очај
Помеѓу библиските слики за излезот и сликата на мигрантите – според папата Фрањо – постојат различни случајности. Како и Израелците во времето на Мојсеј, денешните мигранти, исто така, честопати бегаат од угнетување и злоупотреба, несигурност и дискриминација и недостаток на перспектива за развој. Како Израелците во пустината, мигрантите на нивниот пат наидуваат на многу пречки: чувствуваат жед и глад; исцрпени се од напорот и болести; се наоѓаат во искушение да подлегнат на очајот.
Но, основната реалност за излегување, на секое излегување, е дека Бог му претходи и го придружува патувањето на својот народ и сите негови деца во секое време и место. Сигурно е присуството на Бога среде народот во историјата на спасението – посочува Папата.
Бог не е само со својот народ, туку е и среде својот народ, во смисла дека тој се поистоветува со мажите и жените на нивниот пат низ историјата, посебно со последните, сиромашните, маргинализираните, како да сака да го прошири таинството на воплотение.
Средбата со мигрант е средба со Христа
Затоа – посочува Папа – средбата со мигрант е исто така средба со Христа. Самиот Исус го рече тоа. Тој е оној што тропа на нашата врата гладен, жеден, странец, гол, болен, затвореник и бара средба и помош. Последниот суд, за кој Матеј зборува во 25. поглавје, не остава сомнеж: „Бев странец и ме примивте“ (р.35). Затоа, секоја средба е шанса за спасение, затоа што Исус е присутен кај сестрата или братот на кои им е потребна нашата помош.
Во оваа смисла, сиромашните нè спасуваат затоа што ни дозволуваат да го сретнеме Господовиот лице.
Молитва на Папата за мигрантите
Пораката завршува со молитва напишана од Папата за оваа пригода.
Боже, Оче Семоќен,
ние сме ходочесничка Црква,
на пат кон небесното царство.
Секој од нас живее во својата татковина,
но, како да сме туѓинци.
Секоја туѓина е наше живеалиште,
па сепак, секоја татковина е за нас туѓина.
Живееме на земјата,
но, сме жители на небесата.
Не дозволувај да станеме
господари на тој дел од светот,
што ни го даде
привремено да престојуваме во него.
Помогни ни никогаш да не застанеме,
заедно со нашите браќа и сестри мигранти,
да одиме кон вечното живеалиште
кое го подготви за нас.
Отвори ги нашите очи и срца,
и секоја средба со човек кој е во потреба
да биде средба со Исус, Твојот Син
и нашиот Господ. Амин.
Ватикан њуз/к.мк