Папата: Исус сака да ги сруши ѕидовите на рамнодушноста

Папата: Исус сака да ги сруши ѕидовите на рамнодушноста

На 3 јуни папата Фрањо ја предводеше светата Литургија за празникот на Телото и Крвта Христови во Остија близу до Рим. На крајот од светата Литургија се одржа процесија со Евхаристијата која ја предводеше папата Фрањо.

Евхаристијата е нашата „резервација“ за небесната гозба – истакна папата Фрањо на свеченото Евхаристиско славење во гратчето Остија недалеку од Рим. Прв пат после 1981 година еден Петров наследник да не ја предводи процесијата за празникот на Пресветата Евхаристија според традиционалната маршура од Латеранската базилика до базиликата Света Марија Велика во Рим.

Да се надмине рамнодушноста

Светиот Отец во својата проповед размислуваше за тоа како Господ на своите ученици во Евхаристијата им подготвува место и храна. Исто така ги повика жителите на тој пристанишен град да ги разврзат чворовите кои нѐ врзуваат со врските на стравот и депресијата. Исус сака да се срушат ѕидовите на рамнодушноста и тивкиот консензус; да се отстрани оградата на угнетувањето и самоволјата; да се ослободат патиштата на праведноста, пристојноста и законитоста – истакна Папата.

Напомена дека гратската плажа ни зборува колку е убаво да ги отвориме нашите срца и да тргнеме во нова животна насока. Евхаристијата нѐ повикува да се препуштиме на Исусовиот бран, да не бидеме врзани на плажата чекајќи нешто да се појави, туку да испловиме слободни, храбри и обединети.

Подготвеност

Папата Фрањо исто така зборуваше за „подготвеноста“ и за нејзината улога во пригодниот евангелски дел (Мк 14,  12-16. 22-26). Рече дека Исус и на Последната вечера и по воскресението постојано ги потсетува своите ученици да бидат подготвени. Уште поважно Исус им зборува дека им подготвува место и храна.

„Голема соба, послана, приготвена“ од Евангелието за нас е голема соба е Црквата каде има и треба да има место за сите. Папата рече дека Исус исто така резервирал место за нас во висините, на небото, за да можеме со Него и едни со други да бидеме засекогаш.

Евхаристијата како место и храна

Папата потоа напомена дека храната која Исус ја подготвува е лебот во кој ни се дава Самиот Себе. Исус во Евхаристијата ни дарува и место и храна.

Исус ни подготвува место овде долу затоа што Евхаристијата е срцето на Црквата кое чука. Ја раѓа и повторно раѓа, ја собира и ѝ дава сила. Но Евхаристијата исто така ни подготвува место во висините во вечноста и ги исполнува нашите најголеми очекувања и ги храни нашите најубави соништа. Лебот небесен е залогот за вечниот живот, конкретното исчекување на она што таму нѐ очекува – заврши Папата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот