Папа Фрањо со профил на Инстаграм
Папа Фрањо, на 19 март отвори профил и на Инстаграм, популарната социјална мрежа на која може да се споделуваат фотографии. Името на профилот е Franciscus. За важноста на оваа одлука, откако папа Бенедикт XVI отвори профил на Twitter, за Радио Ватикан говореше монс. Дарио Едуардо Вигано, раководител на Секретаријатот за комуникација.
Идејата за профил на Инстаграм е да се раскаже овој понтификат во слики и да овозможи на сите луѓе кои сакаат да го следат папата Фрањо, да влезат во гестовите на нежноста и милосрдието. Желбата е „да се истакне видикот на близина, инклузивноста кои папа Фрањо секојдневно ги живее“, едноставно „да се сподели и со емоционален аспект, овој понтификат“ – рече монс. Вигано.
Отворањето на профил на оваа социјална мрежа поврзано е со Годината на милосрдието и желбата да се прикаже милосрдните гестови на Папата. Вонредниот јубилеј, исто така, „распрснат“ во смисла на отворање на свети врати во целиот свет – е и „глобализиран јубилеј“. Со профил на Инстаграм, исто така, се сака – како што рече монс. Вигано – да се прошири Плоштадот Свети Петар или да се прошират средбите со Папата, така што секое место во светот да стане место каде што навистина може да се сретне Светиот Отец.
Социјалните мрежи на одреден начин ги прошируваат хоризонтите на односите; се работи за други односи, но тие не се спротивставени на оние реалните и не се помалку вистинити; едноставно се други – рече монс. Вигано – а во овој случај Папата ни го покажува нивниот позитивен аспект.
РВ/Б.Р.