На 26 април 2021 година папата Фрањо го прими италијанскиот народен правобранител за правата на лицата лишени од слобода.
Со Папата разговара шефот на Канцеларијата Народен правобранител Мауро Палма (72) и колегите Даниела де Роберт (63) и Емилија Роси (59). Независната национална служба ја следи состојбата на лицата во затворите, полицискиот притвор и институциите за спроведување на безбедносни психијатриски мерки или присилно лекување.
Во последниве години, папата Фрањо во повеќе наврати се осврна на проблемот со пренатрупаноста во италијанските затвори, како и на ситуацијата во камповите за прием или депортација.
Канцеларијата на италијанскиот народен правобранител, иако беше планирана од 1997 година, стапи во функција дури на почетокот од 2016 година, со седиште во Министерството за правда во Рим.
Ватикан њуз/к.мк