Во објава на платформата X по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, Папата го потврди мислењето изразено во документот „Nostra Aetate“ и осудува секаков облик на дискриминација или вознемирување врз основа на јазик, националност или религија.
Папата Лав XIV во вторник, 27 јануари 2026 година, по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, од профилот @Pontifex на социјалната мрежа X објави: „На овој Ден на сеќавањето, би сакал да потсетам дека Црквата останува верна на цврстиот став изразен во Декларацијата Nostra Aetate против сите форми на антисемитизам и отфрла каква било дискриминација или вознемирување врз основа на етнички мотиви, јазик, националност или религија.“
Со овие зборови, тој се придружи на гласовите и апелите на своите претходници кои низ историјата на тој начин потсетуваа дека ужасните злосторства не треба да се заборават, но исто така и со предупредување дека тие никогаш не треба да се повторат.
Ватикан њуз/к.мк

