Папата Фрањо во среда 8 декември на Генералната аудиенција потсети на неговото Апостолско писмо „Patris corde“ посветено на Свети Јосиф, кое беше објавено ден претходно. Тој ги повика верниците во исчекувањето на Спасителот повеликодушно да одговорат на барањата на христијанскиот повик.
Вчера беше објавена Апостолскиот поттик посветен на Свети Јосиф, кој беше прогласен за заштитник на Универзалната Црква пред 150 години. Го насловив „Татково срце“ (Patris corde). Бог му ги доверил најскапоцените богатства – Исус и Марија – и тој одговорил пред сѐ со вера, храброст, нежност, „татковско срце“. Да го повикаме неговото застапништво за Црквата во ова наше време и да научиме од него секогаш со понизност да ја вршиме волјата Божја – рече папата Фрањо по поздравите на разни јазици на редовната Генерална аудиенција во среда.
Обраќајќи им се на италијанските верници, ги повика да се отворат за светлото на Витлеемското таинство: „Ова време на Адвент, додека се приближуваме кон прославата на Рождеството Христово, нека не подготви да го отвориме духот за светлото на Витлеемското таинство. Ова е време на исчекување. Нека исчекувањето на Спасителот го поттикне секој од вас да одговори порешително и повеликодушно на барањата на христијанскиот повик“.
Ватикан њуз/к.мк