Во сабота, 16 мај 2026 година, на спомен обележјето во месноста Варница беше отслужена панихида за Борис Џонов, познат како Боро Џони.
Панихидата ја предводеше отец Гоце Костов, а во молитвениот спомен се придружи и отец Зоран И. Стојанов. На панихидата присуствуваа членови од семејството Џонови, неговиот внук Боро со сопругата Габриела, кои положија свежо цвеќе.
Борис Џонов е роден на 1 декември 1913 година во Богданци. Бил македонски поет, културно-просветен деец и учесник во националноослободителното движење. Во мај 1943 година бил уапсен од бугарските фашистички власти заедно со група активисти, а по тешко полициско насилство починал.
Месноста Варница е поврзана со трагичниот крај на Боро Џони и со споменот на неговата жртва. По неговата смрт телото било однесено во околината на Струмица и изгорено во една од варниците на патот кон Костурино, со цел да се прикрие злосторството.
Во негова чест Општинското основно музичко училиште во Струмица го носи името „Боро Џони“.
к.мк



