Ве следам во обновата – стои во пораката на папата Фрањо до жителите на шпанскиот остров Ла Палма, кои од септември страдаат од последиците на вулканските ерупции. Видео пораката е снимена вчера од бискупот на Тенерифе, за време на аудиенцијата на Папата со третата група шпански бискупи при посетата ад лимина.
Токму шпанските бискупи ја објавија веста за пораката на Папата. Во видеото, папата Фрањо му се обраќа на населението кое се соочува со голема неизвесност за иднината, бидејќи илјадници луѓе кои ги загубија своите домови, па дури и своите работни места, мораа да бидат евакуирани по разорната катастрофа.
Тешко е, но не се откажувајте. Обновувањето секогаш значи да се направи чекор напред. Ова значи да се каже дека поразот го нема последен збор; значи дека никогаш да не се изморите да гледате во хоризонтот – се зборовите на близина и наклонетост на папата Фрањо, како и оние, кои неодамна ги упати до населението на Кралството Тонга, исто така погодени од разорна ерупција на подводен вулкан и ерупција поттикната од цунами. Тешко е, но не се откажувајте – порача Папата во видео пораката и додаде: Близок сум со вас и се молам за вас.
Ватикан њуз/к.мк