Охрабрување и благослов од Папата за бегалците

Охрабрување и благослов од Папата за бегалците

Кардинал Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни цркви на 17 октомври 2016 година се врати од Јордан каде што како посебен делегат на Светиот Отец учествуваше на свеченоста за повторно отворање на меморијално светилиште на Мојсеј на гората Небo.

По тој повод на христијанските заедници како и на бегалците од Сирија и Ирак во Јордан го пренесе поздравот, благословот и охрабрувањето на папата Фрањо.

Реков дека треба да почувствуваат дека Папата, заедно со целата Црква, е со нив, дека никогаш не смеат да ја загубат надежта во Божјата помош и во силата која Бог ќе им ја даде за градење на иднината – рече кардинал Сандри во разговор за Радио Ватикан и додаде дека користејќи го своето присуство во името на Папата токму на брдото Небо од кое Мојсеј ја гледа ветената земја говори за бројните „ветени земји“ кои ги повикуваме секој ден: мирот, прекин на војните и прекин на насилството во Божјо име. Кажав дека сите се надеваме на таа „ветена земја“, на иднина на братство, солидарност и дух кон достоинството на мажите и жените во целиот свет. Станува збор за ветената земја која треба да се изгради и покрај сите тешкотии на денешниот свет – истакна кардинал Сандри.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот