Отец Роберт Пастијк ја презеде службата генерален секретар на МБК Свети Кирил и Методиј

Отец Роберт Пастијк ја презеде службата генерален секретар на МБК Свети Кирил и Методиј

Во вторник 22 јуни 2021 година, во седиштето на на Меѓународната бискупска конференција, Свети Кирил и Методиј (МБК) во Нови Сад, новоизбраниот генерален секретар на Меѓународната бискупска конференција отец Роберт Пастијк ја презеде функцијата.

На примопредавање на службата, покрај поранешниот генерален секретар отец Мирко Штефковиќ, присуствуваше и бискупот на Зрењанин и претседател на МБК Ладислав Немет, кој се заблагодари на сегашниот секретар за неговата десетгодишна служба во секретаријатот на МБК, додека пак отец Пастијк го охрабри пред предизвикот во новата служба, ветувајќи му целосна поддршка.

Отец Пастијк е роден во Врбас на 31 јули 1978 година, а пораснал во Кула. Студирал теологија во Сегед, Унгарија и во Рим на Папскиот латерански универзитет. За свештеник на Суботичката бискупија е ракоположен на 28 јуни 2009 година.

Покрај унгарскиот и украинскиот јазик, отец. Пастијк зборува хрватски, италијански и англиски јазик, а исто така се служи и со германски.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот