Отец Мурад е ослободен од заробеништво
Сирискиот свештеник о. Жак Мурад е ослободен откако пред пет месеци беше заробен од т.н. Исламска држава, а во недела 11 октомври 2015 година ја служеше и својата прва Литургија откако е на слобода. Поради безбедносни прични – пренесува Catholic Herald – не се објавени детали за неговото ослободување. Отец Мурад е првиот свештеник кој т.н. Исламска држва го пушти од заробеништво.
Сирискиот свештеник беше поглавар на манастирот Мар Елијан во Ал Карјатеин – град кој порано имаше голем број христијанско население. Во месец мај, во близина на градот Палмира е зарбоен од борците на ИСИС. Џихадистите по борбите со сириската војска го освоија во август Ал Карјатеин и го уништија древниот манастир на чие чело беше Мурад. Пред војната во тој град живееле повеќе од 2000 христијани, а сега голем број од нив го напушиле градот.
РВ/го*ко