Во Никарагва се спроведува сериозна опструкција на демократскиот простор, е мислењето на Антонио Гутереш генерален секретар на Обединетите нации, кој е загрижен заради нападот на Црквата и организации на граѓанското општество. До бискупот на Матагалпе и Црквата во Никарагва од целиот свет стигнуваат пораки на солидарност.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш многу е загрижен заради сериозната опструкција на демократскиот и граѓанскиот простор во Никарагва и заради неодамнешните акции против организации на цивилното општество, вклучувајќи ги тие против Католичката Црква како упадот на полицијата во текот на ноќта во бискупското седише во Матагалпа – рече портпаролот Фархан Хак, во текот на конференцијата за новинарите во Обединетите нации. Гутереш – продолжи портпаролот, повторно упатува апел до владата на Даниел Ортега да загарантира заштита на човековите права на сите граѓани, а посебно општите права на мирно собирање, слободата на здружување, на мисла, совест и вера и бара пуштање на слобода на сите самоволно затворени лица.
Изрази на солидарност од целиот свет
Пораки на солидарност упатени до бискупот на Матагалпа и Црквата во Никарагва пристигнуваат од целиот свет. Акцијата ја осуди и секретарот на Организацијата на амриканските држави (OSA) Луис Алмагро, кој зборува за репресивните сили на режимот на Ортега-Мурило и бара итно ослободување на бискупот на Матагалпа и другите затворени лица како и на сите политички затвореници.
Меѓуамериканската комисија за човекови права (Comisión Interamericana de Derechos Humanos – CIDH), независно тело на Организацијата на американските држави, остро ја осудува ескалацијата на репресијата над членовите на Католичката Црква во Никарагва и ја повикува државата веднаш да престане со тие дела и да го пушти на слобода бискупот Роланд Алварез и другите приведени лица. Тие настани – се истакнува од спомнатата комисија – дел од систематски контекст на прогон, криминализација, вознемирување и злоупотреба на членовите на Католичката Црква во Никарагва заради нивната улога на посредник во Националниот дијалог од 2018 година и нивната критичка улога во валканото кршење на човековите права кои се случија во контекст на кризата во земјата. Комисијата повторно повикува владата во Никарагва да престане со континуираните напади на Католичката Црква, да ги ослободи сите лиуѓе кои се се лишени од слобода и веднаш да престане репресијата во земјата.
Во меѓувреме, Црквата на сите континенти искажува голема солидарност со Црквата во Никарагва, поттикнувајќи ги верниците на молитва и реална близина со католичката заедница во таа средноамериканска држава.
Ватикан њуз/к.мк