Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во четврток, 22 септември 2022 година.
По враќањето од Апостолското патување во Казахстан, папата Фрањо пред новинарите повторно ја истакна неопходноста од дијалог, при што зборуваше за дипломатскиот пат што вообичаено го води Светиот Престол, посебно во последните месеци во контекст на руско-украинската војна. Повторно ја истакна ја неопходноста од дијалог, „бидејќи секогаш постои можност преку дијалог работите да се променат“.
Ова е насоката што ја следат сите соработници на Папата, започнувајќи од државниот секретар на Светиот Престол.
Кардинал Паролин – забрана за нуклеарни проби
Говорејќи на десеттиот состанок на Пријателите на CTBT (The Comprehensive Nuclear-Test-Ban Treaty) – група основана во 2002 година од Австралија, Канада, Финска, Германија, Јапонија и Холандија, кардиналот Паролин потврди дека „со зголемување на глобалните тензии и реторика која се заканува со употреба на нуклеарно оружје, поважно од кога било е да се спроведе Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби (CTBT)“.
Мирот започнува кога ќе замолчи оружјето
Изјавата на кардиналот Паролин ги содржи безбројните повици на Папата да се разоружаат арсеналите од секаков вид и да се запре трагичната трговија со оружје. Во средата, 21 септември, на крајот од Генералната ауидиенција, папата Фрањо, повторувајќи ја својата близина и поддршка на „благородниот и измачен“ украински народ, истакна дека тоа што „во моментот на оваа трагична војна некои размислуваат за нуклеарното оружје е лудост“.
Тој со присутните ја сподели и случката за кардиналот Крајевски кој се врати од својата последна мисија од воената зона. „Тој ми кажа за болката на тој народ, за дивјачките дела, за монстурозностите, за мртвите тела пронајдени со видливи траги на мачење“, инсистирајќи, како во молитвата Ангел Господов минатата недела, на единствениот пат: Да не заборавиме: мирот е можен кога оружјето ќе замолчи, а ќе започне дијалогот!.
Ватикан њуз/к.мк