Оздравувањето на Флорибет Дијаз од Костарика е второто чудо по заговор на папата Иван Павле II
Сан Хозе, 10.7.2013 /к.мк/ – Откако лекарите во 2011 година и кажале на Флорибет Мора Дијаз дека заради мозочна аневризма и преостануваат уште неколку дена живот, таа се повлекла во својот дом во Костарика и се молела на блажен Иван Павле II.
На денот на беатификација на Иван Павле II тешко болната Флорибет останала будна за да ја гледа церемонијата. Следното утро на насловна ја видела слика од Папата како со раката ја повикува да се подигне.
-Ми рече да не се плашам и да станам од креветот. Реков „да“ , господине. Бев многу изненадена. На сопругот ништо не му зборував, се плашев дека ќе помисли дека сум полудела – раскажува Дијаз.
Неколку дена подоцна, кога дојде на контрола сите останавме шокирани, немаше ни трага од неизлечивата болест.
Пациентката имала аневризма и доаѓаше до крварење. Без хируршки зафат проблемот исчезна. Никогаш не сум слушнал никаде во светот тоа да се случи, раскажува неврохирургот Алесандро Варгас Роман.
Лекарите не можеа да го објаснат брзото закрепнување, а нејзиното оздравување стана второто чудо препишано на блажениот Иван Павле II. Првото чудо беше оздравување на монахињата Марие Симон – Пиер од Франција во 2005 година, која оздравела од Паркинсова болест.
Папата Фрањо на 5 јули го потпиша документот со кој се одобрува канонизација на блажениот Иван Павле II. Се уште не е објавен датумот за канонизација, но се претпоставува дека ќе се случи до крајот на годината.
Превод: Д.И.