Одржана работилница за децата кои ја посетуваат парохиската веронаука во Скопје
Во саботата на 30 мај во организација на Движењето на Фоколарите во Скопје се одржа работилница означувајќи го крајот на веронаучната година. Активностите се одржаа во дворот на градинката „Бисери“ во Скопје, а присуствуваа околу дваесетина деца на возраст од 6 до 12 години. Концептот на работилниците беше преку игри децата да се запознаат со шест библиски слики, а меѓу останатите една од повпечатливите игри беше приказ на чудото кое го направил Исус на свадбата во Кана. По завршувањето на игрите, децата напишаа писма до Исус во кои ја искажаа својата благодарност за изминатата година. Овие писма децата ги принесоа на олтарот за време на неделната света Миса во Катедралата Пресвето Срце Исусово.
к.мк/Е.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија