Екуменската заедница од Тезе и Торинската надбискупија објавија дека Европската средба на млади 2020 година во Торино се одложува за една година.
Млади од цела Европа требаше од 28 декември 2020 до 1 јануари 2021 година да учествуваат на Европска средба на млади во Торино во организација на екуменската заедница од Тезе. Заради пандемијата од Ковид-19 средбата е одложена за една година.
Како причина надбискупијата за одложувањето ја наведе „несигурноста околу можна зараза сега и во месеците кои претстојат, тоа е еден од важните елемент, но не е единствен.“ Во соопштението се наведува и дека ходочастието „мора да се одвива во услови на спокој и сигурност за сите,“ вклучувајќи илјадници семејства во Торино и во целиот Пиемонт кои се домаќини.
Тоа ќе биде прв пат од почетокот на одржувањето 1978 година новогодишната средба да не се одржи.
На Европските средби во последните години во разни европски градови се собрираа околу 10 илјади и 45 илјади христијани од разни деноминации од 16 до 35 години. (…)
Ватикан њуз/к.мк