Одликувања доделени на 13 амбасадори при Светиот Престол

Одликувања доделени на 13 амбасадори при Светиот Престол

По најмалку две години служба како претставници при Светиот Престол, група амбасадори добија едно од највисоките ватикански дипломатски одликувања.

Традиционалните почести беа доделени во вторник, 12 мај 2026 година, во Ватикан, на група амбасадори акредитирани при Светиот Престол, кои завршиле најмалку две години служба на таа функција.

На церемонијата, што се одржа на годишнината од изборот на Папата, надбискупот Паоло Рудели, заменик за општи работи во Државниот секретаријат, им ги додели ознаките и официјалните пергаменти на 13 дипломати.

Амбасадорите ја добија титулата Витез, односно Дама на Големиот крст од Редот на Пиј IX, едно од највисоките одликувања што Светиот престол ги доделува за дипломатска служба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот